Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог Закон за фитофармација

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
23.02.2018
Закон
Затворен
Со донесување на Законот за фитофармацевтски производи се регулира една голема област од ланецот на безбедноста на храна и храна за животни, а тоа е употребата на производите за заштита и превенција од штетни организми кај растенијата и растителните производи. Со Законот за фитофармација се врши усогласување со Регулативите: 1107/08 кој го уредува маркетингот на фитофармацевтските производи, како и начинот на нивно авторизирање и лиценцирање на територијата на ЕУ; 396/05 со која се уредува определувањето на резидуите од фитофармацевтски производи со процес на авторизација, како и определувањето на прифатливите дози на резидуи од фитофармацевтски производи; 1185/09 со која се уредува прибирањето на статистички податоци за употреба на фитофармацевтски производи. Со Законот се врши транспонирање и на следните директиви: 128/08 со која се регулира одржливата употреба на фитофармацевтски производи; 127/08 со која се уредува употребата на опремата за апликација на фитофармацевтските производ
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

25.05.2018 Маја Лазеска

Почитувани,
Законот за фитофармација (производи за заштита на растенија) кај мене предизвика особено големо внимание како од професионален аспект така и од аспект на поброрник на конзумација пред се на безбедна. а потоа и на квалитетна храна. Јас сум мр- од областа на фитомедицина и имама магистрирано на универзитетот во Валенсија Шпанија.
Најнапред за областа која е регулирана
Областа фитофармација е широка област која опфаќа погоем дел од областите кои вие ги имате опфатено но и области кои не се предмет на регулирање на законот. Така воопшт не ви се опфатени да речеме мониторинг мамците кои се генерално феромони но исто така истите не с екористат како производи за заштита на растенијата туку во прогноза на можното третирање со инсектициди или други безпестицидни мерки во борбата со определени виови на инсекти затоа неопходно е нев да ги дорегулирате во законот. Исто така воопшто не ви се опфатени ниту пак живите организми како и нивни развојни стадиуми кои се користат во фитомедицината како резултат во борба предатор - жртва осдобено многу значајни во интегралната заштита и во биолошката борба па од тие причини ќе мора да се дорегулираат и тие особено од аспект на нивно регулирање како и промет со истите. Исто така во законот фалат и видовите фитофармацевтски средства кои истиот ги опфаќа, а ги има во верзијата од ноеври 2013 апсолутно сметам дека истите треба да се најдат во текстот на законот.
Име на законот
Со оглед на фактот што законот не регулира само прометот со фитосредства (производи за заштит ана ратсенија) туку ја регулира цела област неопходно е името на законот да остане како името од првата верзија. Уште повеќе што во меѓународната класификација на професии ФРАСКАТИ областа во главата заштита на расенија е пестициди (фитофармација) не е производи за заштита на ратстенија.
Согласно поделбата на ЕУ Македонија би требало да се најде во јужната зона поради тоа претпоставувам дека и ги признавате дозволите од овие земји од Анекс А на регулативата ако се земе да се види предлед само Хрватска и Бугарија кои припагаат на т.н Руска класификација ги имаат истите класифицирано како производи за заштита сите останати земји од зоната областа и производите им се фитофармација која е аглосаксонска и затоа сметам дека истите така треба да се ословуваат. Кон прилог на ова трврдење го приложувам и фактот што и производите за регулација на растот на растенијата кои ги имате и вие во верзијата од 2013 година објавена на енер но и по поделбата во дата базата на Еу комсиија припаѓаат на оваа група а истите немаат апсолутно никаква улога во заштитата на растенијата особено а имаат улога во регулирањето на растот и акомулацијата на хранливите материи во плодовите односно семето. Исто така во точка в) од дефиницијата за производи за заштита на ратсенијата ги класифицирате и конзервансите доколку не се класифицирани како такви што укажува на фактот дека производи за заштита на растенија е помало подрачје од фитофармацевстки производи. Оттука областа фитофармација и фитофарамцевтски роизводи е поширока од областа на производи за заштита на растенија и неоходно е нивно преименување пред се заради прозападните ставиви на Владата на Република Македонија.
За вработените во земјоделските аптеки битни се компентенциите кои ги има лицето кое работиво објектот додека скоро и да не игра улога неговата квалификација. Оттука потребно е лицата вработени во земјоделските аптеки да не се само агрономи туку и хемичари, технолози, биолози, биохемичари, шумарски инзенери итн.

Маја Лазеска Тороз
м-р од областа фитомедицина

Прикачен документ на коментарот 184_за_закон2101933865.docx

31.05.2018 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделсво, шумарство и водостопанство ги прифаќа во целост забелешките кои ги имате поднесено на Предлог законот, имено првата Ваша забелешка која се однесува на опфатот на текстот на законот целосно се прифака па така после глава ИВ се додава нова глава В која ќе гласи „Други фитофармацевтски производи и биолошко корисни организми“ во која покрај веќе постоечките членови 23, 24, 25, 26, 27 и 28 ќе се внесе и нов член 29 кој ќе ги регулира други помошни средства за заштита на растенијата и биолошко корисни организми.
Во однос на забележката на името на законот исто така целосно се прифаќа и името на законот ќе се преименува во Фитотармација, а производите ќе се именуваат како фитофармацевтски производи.
Во однос на забелешката за квалификациите и компетенциите за исто така се прифаќаат во целост и во подззаконски акт ќе се регулираат кои компетенции и квалификации кои треба да ги поседува дистрибутер, советник и продавач на фитофармацевтски производи.

24.05.2018 Наташа Симоновска

Член 19 точка 8
Во интерес на сите увозници на ПЗР, мислиме дека рокот од 120 дена за донесување решение за одобрување на ПЗР е премногу долг.
Доколку подносителот ги исполнува условите од точка 1 и 2 од истиот член 19, сметам дека нема потреба од рокови за разгледување.
Решението треба да се издава веднаш по утврдувањето на Овластеното лице од Фитосанитарната управа на МЗШВ на РМ, дека приложената документација е комплетна.

Член 20 точка 1 и точка 3
Во врска со точка 1, приложувањето на дозволата со продолжен рок 2 месеци пред истекување на рокот од решението за одобрување, не може да се исполни.
Соодветните Министерства од земјите на ЕУ, дозволите за продолжување ги издаваат
на денот на истекот на рокот на постоечкото решение.
Во врска со точка 2, допис со информација за причините за доцнењето, за повторно оценување на ПЗР, сметаме дека треба да се дозволи да биде издаден од фирмата носител на ПЗР. Да не се ограничува дека дописот мора да биде само од надлежен орган од земја членка на ЕУ, бидејќи надлежните органи во повеќето земји не издаваат дописи.

Член 22 точка 2
По точка 2 сметаме дека периодот за употреба на постоечки залихи од ПЗР, чии решенија се повлечени или подлежат на изменување или дополнување, треба да биде до истекот на рокот на важење на ПЗР.

Глава 10 член 48
Во глава 10 под член 48 сметаме дека треба да се додаде нов член 48а, во кој ќе се регулираат обврските на Органите во состав на Фитосанитаррниот систем на Република Македонија, наведени во член 4 точка 56 , со тоа што на секој орган одделно ќе има
обврска да врши координација на активностите и решавање на настанатите обврски во текот на работата

Сметаме дека треба да се додаде и член во врска со преиспитување на ПЗР со поминат рок, бидејќи препаратите не губат од квалитетот.
Со тоа што ќе се преиспитува во наши акредитирани лаборатории или од страна на производителот со што одговорноста за квалитетот ќе падне на товар на производителот
<< < 1 2 3 > >>