Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК


1. Општи одредби


Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира. ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање на граѓаните на РМ, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.


2. Регистрација и управување со кориснички профил


Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.


За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕРе валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.


Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка.


Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:
- МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
- администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
- МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.


Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.


3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР


Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.


МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.


Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.


Ако од било која причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.


Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.


4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР


Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.


ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.


Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на РМ, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.


Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.


5. Завршни одредби


Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ENER

Документи

31/08/2016
ПОВИК до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на програмата за работа на ВРМ за 2017

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 годи...

Повеќе
26/08/2015
Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на ВРМ за 2016

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2016 годи...

Повеќе
25/12/2014
Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата

Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата - Методологија за проценка на влујанието на регулативата, Упатство за начинот на постапување во работата на министерствата во процесот на спроведување на проценка на влијнието...

Повеќе
02/09/2014
Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2015

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2015 годи...

Повеќе
26/02/2014
Прирачник за проценка на влијанието на регулативата

Прирачникот за проценка на влијанието на регулативата има за цел да им помогне на државните службеници во министерствата и другите органи на државната управа во спроведување на процесот на проценка на влијанието на регулативата и подготвување на квал...

Повеќе
26/02/2014
Прирачник за засегнатите страни

Прирачникот за засегнатите страни има цел да ги објасни процесот и механизмите за вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија и на тој начин да придонесе за конструктивното, ефективното и на...

Повеќе
01/08/2013
Годишен план за спроведување на проценка на влијание на регулативата со упатство за пополнување

Mинистерствата подготвуваат Годишен план за спроведување на ПВР кој се подготвува паралелно со подготвување на иницијативите за нацрт Годишната програма за работа на Владата на Република Македонија. Во Годишниот план за спроведување на ПВР се дава пр...

Повеќе
01/08/2013
Известување за почеток на процесот за подготовка на предлог закон со упатство за пополнување

Заради навремено информирање на засегнатите страни, министерствата најдоцна пет дена пред почетокотна процесот на ПВР објавуваат известување за почетокот на процесот и подготовка на предлогот на закон. Известувањето се објавува на веб страницата на м...

Повеќе
<< < 1 2 > >>
Број на посети на сајтот: 769127
Моментално присутни корисници: 6