Дали мора да бидам регистриран корисник на ЕНЕР за да поставувам и читам коментари?
Коментари може да поставува само регистриран и најавен корисник. Објавените коментари за читање му се достапни на секој посетител на ЕНЕР.
Дали секој оставен коментар се објавува?
Секој оставен коментар на пропис се разгледува од страна на лице одговорно за тој пропис. Одговорното лице го прегледува коментарот и е должно да го објави доколку истиот не содржи вулгарности, говор на омраза, повикување на насилство односно ги нарушува основните слобиди и права на граѓаните. Секој оставен коментар на пропис што нема да биде прегледан, системот автоматски го објавува по истекот на предвидениот рок за преглед од неколку дена.
Дали постои ограничување во однос на бројот на зборови или карактери што може да се внесат во полето за коментар?
Да. Во полето за коментар не може да се внесат повеќе од 8000 карактери. Сепак, доколку се јави потреба од подолг коментар, системот нуди можност истиот да се даде преку прикачен документ.
Дали институцијата е должна да одговори на поставениот коментар?
Институциите не се должни да одговараат на сите коментари што се поставуваат на ЕНЕР. Сепак, насоките за дејствување до корисниците на ЕНЕР од државните институции, како и самите карактеристики на системот се осмислени и поставени во функција на поддршка на настојувањата секој поставен коментар да го добие заслуженото внимание.
Каде може да ги најдам објавените нацрт извештаи за проценка на влијанието на регулативата (ПВР) и нацрт прописи?
Нацрт извештаите за ПВР, како и нацрт-прописите (и сите останати објавени документи) се наоѓаат во папката со документи за соодветниот пропис.
Дали и како се менуваат корисничкото име и лозинката?
Лозинка се менува со кликнување на линкот „нова лозинка“ кој се наоѓа веднаш под прозорчето за внесување на лозинка на страната за најавување. Потоа системот бара од корисникот да ја внесе адресата за е-пошта со која што е регистриран профилот, на која што му испраќа линк преку кој што се пристапува до страната на која што се внесува новата лозинка. По промената, новата лозинка се верификува со кликнување на линк кој што системот му го испраќа на корисникот на истата адреса за е-пошта.Корисничкото име, т.е. името (и презимето) под кое што корисникот сака да фигурира пред останатите корисници и посетители на страната, може самиот да си го менува преку линкот „одјаваЖкориснички профил“ кој се наоѓа во горниот десен агол кај најавен корисник. Потоа се кликнува на линкот „кориснички профил“, кој што го носи корисникот на страна каде што може да си го менува името и презимето.Адресата за е-пошта со која што во системот е регистриран профилот на корисникот не може да се менува.
Дали може да ги променам еднаш избраните подрачја на интерес за кои добивам известувања по е-пошта и како?
До страната на која што може да се врши промена на подрачја на интерес може да се пристапи преку линкот „одјаваЖкориснички профил“ кој се наоѓа во горниот десен агол кај најавен корисник. Потоа се притиска на линкот „подрачја на интерес“, кој го води корисникот на страната каде што може да се менуваат подрачјата на интерес.
Доколку работам во владина институција, а не сум назначен за корисник на ЕНЕР, дали постои начин да го користам системот?
Да, при регистрацијата на ЕНЕР во делот ,,Одбери корисничка група/ категорија“ со избор на ,, корисник од министерство/институција, вработен во владина институција може да го користи системот како Владин читател.Вработен во владина институција со профил на Владин читател може да побара и да му биде одобрен профил на ЕНЕР со привилегии на Владин уредник. Ова одобрување може да го добие од Владините администратори на ЕНЕР од својата институција.