Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за електронските комуникации

Министерство за информатичко општество и администрација
08.01.2014
Закон
Затворен
Закон за електронските комуникации
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

20.01.2014 Валентин Фетаџокоски

Во врска со усогласеноста на Предлог текстот на Законот за електронските комуникации (објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР) со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 103/08, 124/10 и 135/11), Дирекцијата за заштита на личните податоци во рамките на своите законски надлежности Ви укажува дека во овој предлог текст се вградени сугестиите и насоките на Дирекцијата дадени во Мислењето бр.08-2581/2 од 30.11.2013 година.
Меѓутоа, во однос на новата предложена содржина на Законот за електронските комуникации, Дирекцијата за заштита на личните податоци дополнително го доставува и следното мислење:

1. Во членот 3 точката 54 ќе треба да се избрише, бидејќи податоците кои се задржуваат детално се утврдени во член 178 од овој закон при што секое нивно дополнително нормирање може да предизвика различно применување во практиката од страна на операторите, односно дадената дефиниција не е во функција на полесно спроведување на одредбите од членовите 176, 177 и 178 од овој закон, а заради целосно усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

2. Во членот 8 во точката 19 ќе треба по зборот „операторите“ да се додадат зборовите „согласно овој закон“, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

3. Во членот 27 во ставот (2) на крајот на реченицата ќе треба по зборот „разменуваат“ да се додадат зборовите „ согласно овој закон“, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

4. Во членот 50 ќе треба да се вградат одредби со кои ќе се утврди содржината на единствената евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки, односно категориите на лични податоци кои ќе собираат, обработуваат и чуваат во евиденцијата и рокот на чување на тие податоци, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци, а во функција на спроведување на одредбите од член 10 од Законот за матичен број на граѓанинот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/92).

5. Во членот 101 во ставот (5) ќе треба зборот „почитува“ да се замени со зборот „применува“.

6. Во членот 107 во ставот (8) ќе треба да се вгради нова реченица со која ќе се утврди и рокот на чување на податоците за воспоставените претплатнички односи (post-paid и pre-paid), заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

7. Во членот 112 во ставот (6) ќе треба да се вгради нова реченица со која ќе се опфати материјата содржана во постојниот член 119 став (2) од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/05, 14/07, 55/07, 98/08, 83/10, 13/12, 59/12, 123/12 и 23/13), со цел доследно спроведување на начелата за заштита на личните податоци утврдени во член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

8. Во членот 130 ќе треба да се вградат одредби со кои ќе се утврди содржината на Регистар на доделени радиофреквенции, односно категориите на лични податоци кои ќе собираат, обработуваат и чуваат во Регистарот и рокот на чување на тие податоци, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци, а во функција на спроведување на одредбите од член 10 од Законот за матичен број на граѓанинот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/92) и член 133 став (2) од овој предлог текст на Закон. Покрај ова, во членот 130 ќе треба да се вградат и одредби со кои ќе се утврдат категориите на личните податоци за физичките лица на кои им се доделени радиофреквенции, а кои ќе се објават веб - страната на Агенцијата, како и да се утврди периодот на ажурирање, односно чување (временски период на објавување) и бришење на тие податоци од веб страната, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

9. Во членот 166 ставот (7) ќе треба да се преформулира и да гласи:
„(7) Агенцијата во согласност со Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе донесе подзаконски акт со кој ќе го пропише начинот во кои операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и операторите на јавни електронски комуникациски услуги се должни да ги спроведат одредбите од овој член, формата, содржината и начинот на доставување на известувањата утврдени со овој член и членот 167 од овој закон, како и формата и содржината на регистарот на нарушувањата на безбедноста на личните податоци и начинот на неговото водење од членот 167 став (6) од овој закон.“

10. Во членот 167 во ставот (2) зборовите „друг поединец“, односно зборот „поединецот“ ќе треба да се заменат со зборовите „друго физичко лице“, односно со зборот „физичкото лице“.

11. Во членот 174 во ставот (2) зборот „порака“ ќе треба да се замени со зборовите „електронска пошта“.
<< < 1 > >>