Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите

Министерство за правда
18.01.2018
Закон
Отворен
Со предлог законот за изменување и дополнување на законот за судовите се врши негово усогласување со препораките дадени во мислењето на Венецијанската комисија кое главно се однесува на основите за разрешување на судија, основите за утврдување на одговорност на судија и изрекување на дисциплинска мерка, редефинирање на условите за избор на судија, зајакнување на надзорната функција на министерството за правда во поглед на примената на одредбите од Судскиот деловник
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

12.03.2018 Ѓорѓи Павлов

Во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите е наведено
„Во членот 31 став (1) алинеја 1 зборовите „малолетни лица “ се заменува со зборовите „деца.“
т 2 се брише.“
Во став (2) на членот 31 од Законот за судовите НЕ постои точка 2, ниту пак други точки.
Во наведената законска одредба постојат САМО алинеи.
Понатаму, во делот „Објаснување на содржината на одредбите на предлог законот“ е наведено следново „Со членот 5 се врши усогласување на надлежноста на судовите со одредбите од Законот за кривична постапка.“
Согласно наведеново произлегува дека во предложената законска одредба наместо „точка 2“ треба да стои „алинеја 2“.
Претпоставувам дека се работи за некоја техничка грешка, па затоа е потребно да извршите исправка на предложениот законски текст, како предложениот закон не би упатувал на непостоечка законска одредба.

12.02.2018 Елена Георгиевска

Овие коментари се изработени од страна наЧ Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Институтот за човекови права, Коалицијата Сите за правично судење и Центарот за правни истражувања и анализи. Здруженијата беа вклучени во процесот на изработката на Предлогот за итни демократски реформи (т.н Блупринт) во делот кој се однесува на правосудството. Здруженијата го разгледаа предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите објавен даваат следните коментари. Образложение кон секој коментар поединечно е содржан во приложениот документот.

1. Со предлог законот останува непроменета спорната одредба од членот 5 став 1 од Законот за судовите со која се предвидува дека судовите ги штитат слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти, само доколку тоа според Уставот не е во надлежност на Уставниот суд на Република Македонија. Оваа одредба треба да се измени со цел да се усогласи со Уставот на РМ на начин што ќе се уреди дека судовите ги штитат сите слободи и права на човекот и граѓанинот кога ќе бидат повредени со акт или дејствие како од страна на државен орган така и од страна на приватно лице/субјект.

2. Измената во член 12 став 2 од Законот овозможува поголема специјализација на судиите кои постапуваат по стопанска односно трговска материја но може да се покаже како недоволна особено на територијата на Град Скопје заради големиот број предмети. Потребно е да се разгледа можноста за основање на посебен стопански/трговски суд за подрачјето на Град Скопје.

3. Зборот „малолетнички криминалитет“ од членот 12 став 2 од Законот треба да се замени со „детско престапништво“.

4. Потребно е да се поттикнат судиите да поднесуваат иницијативи за оценка на уставноста на законите до Уставниот суд како и соодветно да ја цитираат и применуваат релевантната пракса на Европскиот суд за човекови права и другите меѓународни судови согласно членот 18 од Законот за судовите .

5. Законот за судови треба да содржи одредба во која должноста на државните органи и другите правни лица да ги достават сите потребни податоци, списи или исправи со кои располагаат ќе биде зајакната под закана од законски санкции. Во членот 20 став 1 од Законот за судовите по зборот надлежност треба да се додадат зборовите „под закана на законски санкции“.

6. Предложените законски измени не ја одразуваат потребата од реорганизација на мрежата на основни судови, на начин кој ќе обезбеди оптимизација на нивниот број, зависно од бројот на предмети по кои истите годишно постапуваат, како и претворање на дел од нив во судски одделенија на територијално најблиските судови, како што беше посочено во веќе усвоената Стратегија за реформа на правосудниот сектор за периодот од 2017 до 2022 година (стр.31).

7. Потребно е усогласување на членот 34 од Законот за судови кој ја уредува надлежноста на Управниот Суд со новиот Закон за општа управна постапка и да се прошири судската заштита не само против поединечни акти туку и “против секое управно дејствие или пропуштање на управно дејствие ако странката тврди дека со тоа дејствие или пропуштање се повредени нејзините права или правни интереси”.

8. Во членот 37 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите да се признае правото за поднесување на иницијатива за утврдување начелни ставови и правни мислиња и од страна на адвокати, јавното обвинителство како и физички лица и здруженија кои имаат правен интерес.

9. Отстранувањето на просекот постигнат за време на високото образование како услов за избор на судија (чл. 8 од предлог законот) може да влијае негативно на квалитетот и компетенциите на кандидатите за судии. Потребно е да се утврди соодветен начин на оценување на образовното и професионалното искуство и капацитети на кандидатите.

10. Отстранувањето на меѓународно признатите сертификати како начин на докажување на остварувањето на условот „активно познавање на еден од официјалните јазици на ЕУ го отвора прашањето како ќе се докаже исполнувањето на овој услов. Потребно е да се разгледа можноста за воспоставување на систем за тестирање на познавањето на англискиот јазик при полагањето на приемниот испит на академијата.

11. Потребно е да се зголеми минмумот на работно искуство за избор на судија на Апелационен суд од сегашните четири на најмалку осум.

12. „Привилегираноста“ на кандидатите за избор за судии на Управниот и Вишиот управен суд да може да се изберат за судии без завршена Академија создава двојство и паралелизам во судството. Членот 46 од Законот за судови кои ги уредува посебните услови за избор на судија во одделните видови на судови треба да се измени со цел да се воспостави единство меѓу судиите на „редовните“ и управите судови.

13. Потребно е да се зголеми минимумот на работно искуство за избор на претседател на суд од сегашните четири на најмалку осум.

14. Членовите 19 и 20 од предлог законот со кои се утврдува основите за дисциплинска одговорност треба да се ревидираат и редактираат заради постоење на технички грешки.

15. Членот 71 став 1 да прецизира можност за доделување на стипендија за примена на Европската конвенција на човековите права и основни слободи.

Прикачен документ на коментарот 139_Коментари_на_предлог_закон_за_судови1763240604.pdf
<< < 1 > >>