Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари

Министерство за финансии
14.12.2017
Закон
Отворен
Управата за јавни приходи го спроведува проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните”. Имплементацијата на овој проект предвидува Управата за јавни приходи да изготвува пополнета даночна пријава за секој даночен обврзник, врз основа на податоците со кои располага за остварените приходи на даночните обврзници. Согласно постојното законско решение, Управата за јавни приходи не располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари бидејќи давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите немаат обврска да доставуваат податоци за трансакциите на брз трансфер на пари до Управата за јавни приходи.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

15.01.2018 Фидан Ќерими

Почитувани,

Во врска со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, во прилог на овој коментар, Ви го испраќам официјалниот коментар од страна на трите Даватели на услуги брз трансфер на пари (Унија Финансиска Скопје ДОО Скопје, Монета Финанциал Сервицес и Цапитал Трансфер), кој на ден 02.01.2018 година е доставен и во писмена форма и до Министерството за Финансии, кој претставува и коментар за ЕНЕР.

За се дополнително потребно во врска со нашиот коментар за Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, Ви стоиме на располагање.

Со почит,

Фидан Ќерими
070/367-573

Прикачен документ на коментарот 118_Dopis_do_Min.za_Finansii454071148.pdf

24.01.2018 Министерство за финансии

Почитувани,
Ви благодариме за коментарот и истовремено Ве известуваме за следноточ
Измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари (,,Службен весник на Република Македонија” бр.77/03, 54/07, 48/10, 67/10, 17/11, 135/11, 187/13, 154/15 и 23/16) се вршат во рамките на имплементацијата на проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персонален данок на доход за даночни обврзници – физички лица.
Целта на наведениот проект е Управата за јавни приходи да прибира податоци за остварените приходи на секој граѓанин, да изготвува и да доставува пополнета годишната пријава за персонален данок на доход, во насока на намалување на административните процедури за физичките лица. Поради тоа, Управата за јавни приходи има потреба од податоци за секој прилив на средства, вклучително и за приливите извршени преку брз трансфер на пари со кои ќе може да располага во реално време.
Приливите преку брзиот трансфер на пари нема да бидат оданочени, доколку истите се извршени по основ кој согласно Законот за персонален данок на доход не е предмет на оданочување. Во таа насока, со измените и дополнувањата на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари се предвидува податоците за поединечните трансакции на трансфер на пари извршени преку давателите на услугата брз трансфер на пари и субагентите, покрај досегашните елементи, да го содржат и основот по кој е извршена уплатата односно исплатата на пари. На тој начин, ќе се разграничат трансферите на пари ослободени од плаќање на персонален данок (подарок, фамилијарна поддршка и сл.) од трансферите на пари кои што подлежат на оданочување, во согласност со Законот за персонален данок на доход.
Со оглед на горенаведеното, Министерството за финансии цени дека предложените измени на Законот нема да предизвикаат негативни импликации врз активностите на давателите на услуги брз трансфер на пари.
<< < 1 > >>