Министерство за финансии
27.11.2017
Закон
Затворен
Со усвојување на предложениот Закон ќе се овозможи обезбедување и одржување на транспарентноста и отчетноста и доследно јакнење на одговорноста при располагање со јавни средства преку целокупно евидентирање на преземени, а недоспеани обврски и на доспеани, а неплатени обврски во соодветен електронски систем од страна на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институции кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Македонија или единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенции, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа.