Министерство за здравство
21.08.2017
Закон
Отворен
Со Законот за лековите и медицинските средства („Сл.весник на РМ" бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16 и 53/16), е уреден паралелниот увоз на лековите и медицинските средства. Паралелен увоз на лекови врши веледрогерија која има одобрение за промет на големо со лекови и медицински средства и одобрение за делови од процесот на производство издадено од надлежен орган во РМ, како и здравствена установа која паралелниот увоз го врши исклучиво за сопствени потреби и не смее да врши промет со паралелно увезените лекови.
Во досегашната примена на Законот констатирано е дека на налепницата која што се наоѓа на надворешното оригинално пакување на лекот има недоволно податоци за лекот кои се од значење за соодветна примена и ракување со истиот како и дека критериумите во постапката на добивање на одобрение за паралелен увоз на лекови се недоволни за да се подобри контролата на квалитетот на лековите.