Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за социјално претприемништво

Министерство за труд и социјална политика
28.07.2015
Закон
Отворен
Во Република Македонија концептот на социјално претприемништво не е соодветно уреден во правниот систем, иако важноста на концептот и придобивките се признати во општеството. Не постои законска регулатива која сеопфатно ја регулираат оваа материја, иако во неколку закони и политики постојат одредби кои што придонесуваат за поддршка на идниот развој на социјалното претприемништво.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

14.08.2015 Стефан Ивановски

1) Формирање на Фонд за социјални иновации
- Без начин за одржлив начин на финансирање на социјалното претриемништво нема да има успех.
- Овој предлог не наложува издвојување на посебни Буџетски средства туку само распределба
- Советот да формира фонд за социјални иновации кои ќе добива средства од вишокот што го остваруваат социјалните претпријатија.
- Секое социјално претпријатие одвојува 15% од вишокот кои ќе биде наменет за потребите на фондот.
- Фондот добива средства од услугите што ги нуди како што се поддршка и консултирање
-Ттрговските друштва и стопанските субјекти, според Законот за донации, може да пренаменат 5% од порезот кон УЈП доколку го назначат за Фондот за социјални иновации
- Цели на фондот е да го поттикне равојот на социјалното претриемништво прекуЧ
- поддршка за пишување бизнис план
- обуки за менаџирање и водење на социјални претпријатија
- консултански услуги специјално наменети за социјални претпријатија
- финансирање за отварање и проширување на правни лица со статус социјални
претпријатија
- конференции и остварување соработки со слични организации од ЕУ и светот
- поддршка при склучување партнерства
- финансирање истражувачки проекти кои ги вршат научните установи или правните лица со статус социјални претпријатија со цел социјални иновации

2) Дефинирање на поими (член 3)Ч
- Социјално претримеништво: Во дефиницијата за социјално претриемништво би можело да се додаде дека „социјалното претриемништво е неопходна и составна дејност во развојот на социјалната економија“

- Социјална економија: Наместо дефинирање на поимот цели на социјалното претриемништво (член 3), би требало да се дефинира поимот социјална економија, каде што при дефинирањето може да се истакне дека: „развојот на социјалната економија е цел на социјалното претриемништво. Во социјалната економија делуваат правни лица кои...“

- Социјално претпријатие: целта на социјалното претпријатие е активно да ги решава општествените проблеми и предизивици (со кои се соочуваат ранливите категории). Влијанието не е целтта како што е дефинирано во предлог законот. Исто така, би избегнувал во иста реченица да се дефинира социјалното претијатие за тоа што не се залага (распределба на добивка меѓу основачите, акционерите и слично). Може со посебна реченица да се истакне дефиницијата. Социјалното претпријатие се разликува од трговски друшвтва и стопанските субјекти со тоа што примарната цела не е да се оствари добивка за неговите основачи, сопственици или акционери.
- Има преколупување во тоа кои може да биде корисник, член, и заинтересирана страна. Корисниците можат воедно да бидат и членови и заинтерана страна. Која е разликата за постоењето на различните поими? Подолу во законот е дефинирано дека само основачите (кои сочинуваат мал дел од членовите) се опфатени со демократското начело за управување, еден човек, еден глас.

- Корисници: дали мора корисниците да бидат работно способни? Членовите 34 и 35 од Уставот на РМ ги опфаќаат и работно неспособните: „Републиката да се грижи за социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност, се гарантира правото на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани и се обезбедува посебна заштита за инвалидните лица и услови за нивното вклучување во општествениот живот.“
- Ако социјалното претриемништво се залага за инклузија, а корисници се дефинирани како работно способни, тогаш тие што не се работно способни во очите на пазарот на трудот се исклучени како корисници на овој закон. Со оваа дефиниција се прави дискриминација врз оние кои не се работно способни.
- Предложувам корисниците да се дефинираат како приматели на услугите кои ги нуди социјалното претрпијатие бидејќи со оваа формулација ќе бидат опфатени и оние кои не се работно способни (на пр. стари лица со ментално заболување или инвалидност и кои не можат да работат) и така се исполнува обврската од членовите 34 и 35 од Уставот.

- Нова дефиниција за корисници: се приматели на услугите и стоките кои ги произлегуваат од активностите на социјалните претпријатија. Тоа се ранливи категории на луѓе кои може да бидат способни или неспособни за работа.

- Членови да бидат основачите, акционерите и вработените во социјалното претпријатие? Членови, воедно и вработени, акционери може да бидат оние групи кои се дефинирани со членот 6. Во тој случај, членовите би биле даватели на услугите а корисниците би биле примателите на истите.

- Нова дефиниција за членови: лица кои се работно способни и имаат управувачки права во социјалните претпријатија. Тие се производители и даватели на услугите и стоките кои произлегуваат од дејностите на социјалното претриемништво и се во работен однос со социјалното претпријатие. Тоа се основачи, сопственици, и лица кои имаат влогови како содружници или акционери во претпријатието. Вработените може да бидат членови во претпријатието доколку се стекнат со право на членство и условите за членување треба да бидат регулирани во основачките акти на претпријатието.

- Заинтересирани страни: поимот е дефиниран, а ниту еднаш подоцна не се споменува во законот. Поимот треба или да се преформулира или целосно да се отстрани.


3) Принципот на рамноправност во одлучувањето (член 4)
- Според предлог законот, принципот на рамноправност во одлучувањето (член 4) се однесува само на основачите на социјалното претрпијатие, но не и на другите членови како што се акционерите и вработените на истото. Ова го нарушува начелото за рамноправност во одлучувањето.
- Принципот за рамноправност во одлучувањето, еден човек, еден глас, треба да биде достапен на сите лица кои учествуваат во давањето на услугите од дејностите на социјалното претриемништво, односо сите членови. Корисниците, примателите на услугите, го истакнуваат своето мислење и може да имаат, но и не мора, да имаат управувачки права. Тоа може да се регулира со основачките акти на претпријатието. Членовите може да одлучат колку моќ во управувањето ќе им дадат на корисниците.


4) Во советот за социјално претриемништво би требало да има 11 членови од кои дополнителни членови се:
- Претставник од Секретаријатот за Европски прашања: со цел да може да се воспоставуваат соработки со земји членки на ЕУ и организации кој ја развиваат социјалната економија. ЕУ земјите имаат повеќе искуство со социјалното претриемништво кое би можело да го искористиме.
- Министерство за образование и наука: неопходно е социјалното претриемништво да се предава во основните, средните и високите образовни установи. Идините генерации треба да се образуваат за предностите на социјалното претриемништво и да се гради култура за социјално претриемништво од најрани години.
- Заедница на единиците на локална самоуправа на РМ: локалните самоуправи можат значително да допринесат кон развојот на Стратегијата и имплементацијата на акциските планови за развојот на социјалното претриемништво преку своето локално знање за посебните општествени проблеми и предизивици.
- Претставник од Националниот младински совет на РМ: со оглед на тоа дека младите се еден од корисниците на овој закон, би требало да има и посебен претставник на младите од граѓанскиот сектор во овој совет


5) Разпределба на вишокот (член 20)
- Доколку 20% од вишокот може да се распределби на сите вработени, распределбата на вишокот треба да биде исто како и за принципот на платите, соодносот на вишокот да не биде поголем од 5:1 како што важи и за платите.

6) Намалување на казните (член 30)
- Наведените казни се драконски за малите социјални препријатија. Паричните казни за социјланите претпријатија треба да бидат пропорционални и во согланост со бројот на вработени и обемот на приходи во истата. За помалите претпријатија, помали казни, за поголемите, повисоки казни.
- Како за модел, може да се користат измените во Законот за прекршоци кои беа претставени од Министерсот за финансии.

7) Нова категорија на корисници на законот: лица со статус на бездоминици

13.08.2015 Ирина Јаневска

1. Дефиницијата и фокусот на социјалните претпријатија дефинирани во Предлог Законот за социјално претприемништво на РМ треба да се прошири со цел да биде сеопфатна и да не е насочена единствено кон отварање на нови работни места/вработувања, туку кон унапредување на општествените состојби преку претприемачки активности. Вака пишана, дефиницијата на СП е ограничувачка и обесхрабрува на пр. иницијативи на граѓанските организации за само-одржливост и економски активности со кои ќе се осигураат средства за инвестирање во заедниците/делување на граѓанските организации. (ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ СТР. 2)
2. Позитивни ефекти на СП-тво не е само намалувањето на невработеноста, туку и промоција на претприемништво во третиот сектор, етичко претприемништво во бизнис секторот, корпоративна одговорност и сл. (стр.4)
3. Во Член 3 (Дефинирање на поимите)
- Социјалното претприемништво како дефиниција повторно дава акцент на вработување на лица, што дава впечаток дека тоа е основната цел. Треба да се редифинира пасусот со цел СП-тво да добие пошироко значење.
- Во цели на СП да се додадат и граѓанските организации (не само претпријатијата).
-Социјално претпријатие- дефиницијата да се ревидира. Целта е да се оствари општествено влијание преку претприемачки активности. Вака делува строго и негирачки на претприемачкиот дух со нагласувањето изрично и веднаш дека добивката не треба да се инвестира во основачи/сопственици. Тоа секако е понатаму образложено. Во промовирањето на овој нов концепт кај нас, целта е да се привлечат и доближат граѓаните/ентитети кон СП (да се каже што е СП, а не што не е).
4. Во Член 4: Нејасно е зошто во принципите е набројано непрофитност?! СП треба да остваруваат профит кој секако ќе се реинвестира. Во истиот член може да се додаде и принципот на само-одржливост на граѓанските организации.
5. Во Член 6: Корисници можат да бидат и останати групи на граѓани маргинализирани по други основи. Од пропишаното делува дека СП треба да се креираат исклучиво за наведените таргет групи.
6. Во Член 8: Ингеренциите на владата преку формирање Совет за СП које одоговрен за доделување ексклузивно право на статус на СП се преголеми и централизирани!
-Советот треба да е независно тело и добивањето на статус на СП треба да се обмисли поинаку. Како стипендист на Британската Амбасада имав шанса да добијам финансиран работен престој во Англија токму во органзизација која се занимава со сертифицирање на социјални претпријатија- Social Enterprise Mark (http://www.socialenterprisemark.org.uk/). Самата организација е социјално претпријатие. Статусот на СП во Англија (таканаречена “земја-матица на СП“) не се утврдува со закон туку по желба на ентитетот да се сертифицира и со тоа да стекне углед на СП кое работи согласно начелата на социјалното претприемништво. Право на секој ентитет кој ќе работи согласно членовите од овој закон е да се нарекува социјално прептријатије без разлика дали именуваното тело-Совет ќе даде согласност. Поседувањето на трејдмарк на социјално претпријатие треба да е само дополнителен елемент кој може да го подобри имиџот на СП , а не обврзувачки! (пример да зголеми доверба за квалитет и подобар бренд кај своите клиенти, да се вмрежи со останати сертифицирани СП и слично).
Ви доставувам линк до критериумите за сертифицирање од SE Mark (UK) http://www.socialenterprisemark.org.uk/wp-content/uploads/2014/05/SEM_Qualification_criteria_July-12.pdf
Отворена сум за секакви дополнителни консултантски потреби и споделување на искуства и знаења.
7. Во Член 12 наведен е пропис за добивање на статус на СП според кој треба трајно да се вработи еден од корисниците на една година и уште еден корисник до крајот на втората година. Вака пропишаното делува обесхрабрувачки за мали иницијативи кои имаат претприемнички карактер врзан со општествена мисија. Невозможно е за стартап иницијативи да гарантираат вработувања. Започнувањето и водењето бизнис треба да е согласно реалниот контекст и потреба, а не обврзано да се вработува било какво лице. Во однос на целиот предлог-закон покрај добивањето статус и централизираната улога на Советот, ова е недопустливо и апсолутно обесхрабрувачко за секој кој има намера да почне свој мал бизнис со општествена цел. Ова го говорам од аспект на граѓански активист со веќе и солидна позадина и сериозни обиди во полето на СП (www.arno.org.mk). (Продавањето переци во мобилни продавнички на пример, од страна на млади кои завршиле средно стручно образование и останале невработени поради одреден контекст (маргинализираност) и сл, е невозможно да гарантира од сам почеток вработување на едно лице на година дена. Тоа според бизнис логиката ќе следува, меѓутоа доколку истото е услов за еден ентитет да добие статус на СП (според пропишаното со Предлог-законот) во пракса е погубно за мотивација на било кој ентитет да стане СП. Истото важи и за примери кои се економски активности на граѓански организации и кои имаат потенцијал да станат засебни СП.
8. Член 14 :добивањето на статус на социјално претпријатие е прикажан како процес во кој акумулацијата на овластувањата, односно моќта на одлучување е во рацете на централните државни органи на власт. Потребно е процесот да се децентрализира и да се овозможи автономна управна структура со реобмислен пристап кон добивањето/губењето статус на СП (сертификација на една година од страна тело во кое има ко-менаџмент,претставници од постоечки СП, ГО или е целосно независно).
9. Во член 24 согледувам потреба од подобар преглед на мерките за развој на СП.
10. Од работниот престој во Англија, споделувам пример за позитивна мерка за поттикнување на СП. Во бодувањата на јавните тендери да се воведе критериум кој би носел дополнителни поени за апликацијата доколку ентитет кој аплицира е СП. Со ова би се поттикнале ентитетите да работат согласно приниципите на социјалното претприемништво и би се охрабриле да делуваат позастапено во сите сегменти на пазарно функционирање.
11. Во делот на прекршочните одредби делот со вработување на лица е апсолутно обесхрабрувачки. Глобите се исто така превисоки. Користењето на именувањето “социјално претпријатие“ не треба да е ексклузивно право доделено/одземено од Совет, и ентитети кои работат согласно начелата на социјалното претприемништво имаат право да се нарекуваат како СП во своето јавно делување.(не зборувам за кратенката „соц“ која самоволно би ја додале, туку за својот настап во јавност). Нивна сертификација (од страна на независно тело) со временско ограничување е можна, можеби треба да се размисли во таа насока.

13.08.2015 Стефан Ивановски

1) Формирање на Фонд за социјални иновации
- Советот да формира фонд за социјални иновации кои ќе добива средства од вишокот што го остваруваат социјалните претпријатија.
- Секое социјално претпријатие одвојува 15% од вишокот кои ќе биде наменет за потребите на фондот.
- Фондот добива средства од услугите што ги нуди како што се поддршка и консултирање
-Ттрговските друштва и стопанските субјекти, според Законот за донации, може да пренаменат 5% од порезот кон УЈП доколку го назначат за Фондот за социјални иновации
- Цели на фондот е да го поттикне равојот на социјалното претриемништво прекуЧ
- поддршка за пишување бизнис план
- обуки за менаџирање и водење на социјални претпријатија
- консултански услуги специјално наменети за социјални претпријатија
- финансирање за отварање и проширување на правни лица со статус социјални
претпријатија
- конференции и остварување соработки со слични организации од ЕУ и светот
- поддршка при склучување партнерства
- финансирање истражувачки проекти кои ги вршат научните установи или правните лица со статус социјални претпријатија со цел социјални иновации

2) Дефинирање на поими (член 3)Ч
- Социјално претримеништвоЧ Во дефиницијата за социјално претриемништво би можело да се додаде дека „социјалното претриемништво е неопходна и составна дејност во развојот на социјалната економија“

- Социјална економијаЧ Наместо дефинирање на поимот цели на социјалното претриемништво (член 3), би требало да се дефинира поимот социјална економија, каде што при дефинирањето може да се истакне декаЧ „развојот на социјалната економија е цел на социјалното претриемништво. Во социјалната економија делуваат правни лица кои...“

- Социјално претпријатиеЧ целта на социјалното претпријатие е активно да ги решава општествените проблеми и предизивици (со кои се соочуваат ранливите категории). Влијанието не е целтта како што е дефинирано во предлог законот. Исто така, би избегнувал во иста реченица да се дефинира социјалното претијатие за тоа што не се залага (распределба на добивка меѓу основачите, акционерите и слично). Може со посебна реченица да се истакне дефиницијата. Социјалното претпријатие се разликува од трговски друшвтва и стопанските субјекти со тоа што примарната цела не е да се оствари добивка за неговите основачи, сопственици или акционери.
- Има преколупување во тоа кои може да биде корисник, член, и заинтересирана страна. Корисниците можат воедно да бидат и членови и заинтерана страна. Која е разликата за постоењето на различните поими? Подолу во законот е дефинирано дека само основачите (кои сочинуваат мал дел од членовите) се опфатени со демократското начело за управување, еден човек, еден глас.

- КориснициЧ дали мора корисниците да бидат работно способни? Членовите 34 и 35 од Уставот на РМ ги опфаќаат и работно неспособнитеЧ „Републиката да се грижи за социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност, се гарантира правото на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани и се обезбедува посебна заштита за инвалидните лица и услови за нивното вклучување во општествениот живот.“
- Ако социјалното претриемништво се залага за инклузија, а корисници се дефинирани како работно способни, тогаш тие што не се работно способни во очите на пазарот на трудот се исклучени како корисници на овој закон. Со оваа дефиниција се прави дискриминација врз оние кои не се работно способни.
- Предложувам корисниците да се дефинираат како приматели на услугите кои ги нуди социјалното претрпијатие бидејќи со оваа формулација ќе бидат опфатени и оние кои не се работно способни (на пр. стари лица со ментално заболување или инвалидност и кои не можат да работат) и така се исполнува обврската од членовите 34 и 35 од Уставот.

- Нова дефиниција за кориснициЧ се приматели на услугите и стоките кои ги произлегуваат од активностите на социјалните претпријатија. Тоа се ранливи категории на луѓе кои може да бидат способни или неспособни за работа.

- Членови да бидат основачите, акционерите и вработените во социјалното претпријатие? Членови, воедно и вработени, акционери може да бидат оние групи кои се дефинирани со членот 6. Во тој случај, членовите би биле даватели на услугите а корисниците би биле примателите на истите.

- Нова дефиниција за членови: лица кои се работно способни и имаат управувачки права во социјалните претпријатија. Тие се производители и даватели на услугите и стоките кои произлегуваат од дејностите на социјалното претриемништво и се во работен однос со социјалното претпријатие. Тоа се основачи, сопственици, и лица кои имаат влогови како содружници или акционери во претпријатието. Вработените може да бидат членови во претпријатието доколку се стекнат со право на членство и условите за членување треба да бидат регулирани во основачките акти на претпријатието.

- Заинтересирани страни: поимот е дефиниран, а ниту еднаш подоцна не се споменува во законот. Поимот треба или да се преформулира или целосно да се отстрани.


3) Принципот на рамноправност во одлучувањето (член 4)
- Според предлог законот, принципот на рамноправност во одлучувањето (член 4) се однесува само на основачите на социјалното претрпијатие, но не и на другите членови како што се акционерите и вработените на истото. Ова го нарушува начелото за рамноправност во одлучувањето.
- Принципот за рамноправност во одлучувањето, еден човек, еден глас, треба да биде достапен на сите лица кои учествуваат во давањето на услугите од дејностите на социјалното претриемништво, односо сите членови. Корисниците, примателите на услугите, го истакнуваат своето мислење и може да имаат, но и не мора, да имаат управувачки права. Тоа може да се регулира со основачките акти на претпријатието. Членовите може да одлучат колку моќ во управувањето ќе им дадат на корисниците.


4) Во советот за социјално претриемништво би требало да има 11 членови од кои дополнителни членови се:
- Претставник од Секретаријатот за Европски прашања: со цел да може да се воспоставуваат соработки со земји членки на ЕУ и организации кој ја развиваат социјалната економија. ЕУ земјите имаат повеќе искуство со социјалното претриемништво кое би можело да го искористиме.
- Министерство за образование и наука: неопходно е социјалното претриемништво да се предава во основните, средните и високите образовни установи. Идините генерации треба да се образуваат за предностите на социјалното претриемништво и да се гради култура за социјално претриемништво од најрани години.
- Заедница на единиците на локална самоуправа на РМ: локалните самоуправи можат значително да допринесат кон развојот на Стратегијата и имплементацијата на акциските планови за развојот на социјалното претриемништво преку своето локално знање за посебните општествени проблеми и предизивици.
- Претставник од Националниот младински совет на РМ: со оглед на тоа дека младите се еден од корисниците на овој закон, би требало да има и посебен претставник на младите од граѓанскиот сектор во овој совет


5) Разпределба на вишокот (член 20)
- Доколку 20% од вишокот може да се распределби на сите вработени, распределбата на вишокот треба да биде исто како и за принципот на платите, соодносот на вишокот да не биде поголем од 5:1 како што важи и за платите.
- Сите членови и заинтересирани страни со регулиран работен однос во социјалното претпријатие треба да имаат право на глас и управување при распределбата на вишокот кој е генериран од социјалното претпријатие. Со ова се остварува принципот на еднаковст и рамноправност.

6) Намалување на казните (член 30)
- Наведените казни се драконски за малите социјални препријатија. Паричните казни за социјланите претпријатија треба да бидат пропорционални и во согланост со бројот на вработени и обемот на приходи во истата. За помалите претпријатија, помали казни, за поголемите, повисоки казни.

Прикачен документ на коментарот 19_Закон_за_Соц._Прет_04.08.2015_-_Коментари1459437129.doc
<< < 1 2 3 > >>