Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за прекинување на бременоста

Министерство за здравство
21.03.2008
Закон
Затворен
Со овој закон се уредува начинот и постапката за прекинување на бременоста
Документи за прописот
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

21.11.2018 Платформа ЗаРодоваЕднаквост

Член 3, став 2
(2) Ако бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела, со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.

ПРЕДЛОГ
(2) Ако бремената жена е под 16 години, прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела, со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.
(3) Ако бремената жена е на возраст од 14 до 16 години, покрај писмената согласнот од родителот, односно од старателот на бремената жена, писмена согласност ќе даде и бремената жена.
(4) Бремената жена која е лишена од деловна способност има право да ги добие сите информации за да може да донесе индивидуална и автономна одлука за прекинувањето на бременоста, прилагодени на начин соодветен за капацитетите на бремената жена. Писмената согласност ја дава родителот, односно старателот на бремената жена.
(5) Центарот за социјална работа ќе назначи старател за прекинување на бременоста на бремената жена лишена од деловна способностЧ
- ако бремената жена која е лишена од деловна способност побара отстранување на родителот односно старателот од постапката за давањето на согласноста за прекинување на бременоста или
- ако здравствениот персонал се сомнева дека родителот, односно старателот дејствува во најдобар интерес на бремената жена која е лишена од деловна способност или
- доколку е очигледно дека волјата на бремената жена поврзана со прекин на бременоста не се совпаѓа со волјата или тврдењата на родителот, односно старателот.
Во овој случај здравствената установа ќе се обрати до Центарот за социјална работа кој во најкраток можен рок, но не подоцна од еден ден од добивање на барањето, ќе назначи старател на бремената жена за прекинување на бременоста.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Меѓународните конвенции за човекови права препознаваат дека родителската согласност или согласноста од старател преставуваат пречки за достапноста кон услугите за репродуктивно здравје за адолесцентите и бараат од земјите кои воспоставиле вакви законски процедури, истите да ги отстранат со што ќе се обезбеди гаранција дека законот е „во најдобар интерес на адолесцентите и дека нивните милења секогаш се земени предвид и се почитуваат при донесување на одлуките за абортус“. Комитетот за правата на детето во неколку наврати ги имаат повикано земјите членки на ОН да овозможат „девојчињата да донесуваат автономни и информирани одлуки за нивното репродуктивно здравје“. Дополнително Комитетот за правата на детето како и Специјалниот Известувач за правото на здравје имаат усвоена специфична препорака до земјите членки да земат предвид основање на механизам за пресумпција на зрелоста на адолесцентите, односно правен механизам со кој ќе бидат препознаени потребите на адолесцентите во преземање на сопствени иницијативи при барање на здравствени услуги како и дека адолесцентите имаат капацитети да донесуваат соодветни одлуки при пристапување кон овие услуги. Во иста насока се и препораките на Светската здравствена организација кои укажуваат дека здравствените работници треба да бидат обучени да ги информираат, советуваат и третираат адолесцентите согласно нивните развојни капацитети, а не според арбитрарна возрасна граница (пр. 18 години) и дека треба да ги поддржат малолетните лица да може тие да идентификуваат што е во нивен најдобар интерес, вклучувајќи ја и потребата да се консултираат со своите родители или други лица на кои им веруваат во однос на нивната бременост. Во седум земји на Европската Унија, вклучувајќи ја Словенија и Хрватска, адолесцентите над 16 години може самостојно да одлучуват за абортус (без родителска согласност или одлука на суд или друго административно тело). Во девет земји на ЕУ, вклучувајќи ја Белгија и Шведска не се бара родителска согласност при медицински третман, вклучувајќи и за абортус, и одлуката здравствените работници дали да им овозможат прекин на бременоста ја носат врз основа на зрелоста/капацитетите на детето. Дополнителен аргумент кон ова барање е фактот што младите во Република Македонија влегуваат во сексуални односи дури и под 16 години , па не е логичо е да им се услови пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, помеѓу кои и пристапот до абортус, со родителската согласнот. Поверојтано е младите да пристапат кон нелегален и небезбеден начин на прекин на бременоста, отколку да прибават родителска согласност, која во одредени средини може да ги изложи и на семејно насилство или принудни бракови, со што се става во опасност здравјето и животот на младите девојки.

Од друга страна Комитетот за правата на лицата со попреченост објаснува дека во пракса, изборите на жените со попреченост, особено на оние со психосоцијална и интелектулна попреченост се често игнорирани, и нивните одлуки ги донесуваат трети страни, односно родител, правен застапник, давател на услуга и со тоа се прекршуваат правата на овие лица согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Согласно Конвенцијата, земјите членки имаат обврска да им обезбедат на девојките и жените со попреченсот целосна гаранција на нивните права пред законите, вклучувајќи и во здравствените институции кои обезбедуваат услуги за репродуктивно здравје. Една од препораките на Комитетот во 2018 година кон нашата држава е да „пристапи кон укинување на сите дискриминирачки одредби кои водат кон лишување на деловниот капацитет на лицата со хендикеп, засновани на состојбата на хендикеп, и постоечките системи да ги замени со системите за поддршка при носење на одлуки, кои се базираат на принципите на автономија, воља и интерес на засегнатото лице“ како и препораката „државата да усвои ефективни мерки со цел да обезбеди почит кон правото да се осигура слободна, информирана и претходна согласност од лицето со хендикеп за здравствен третман, вклучувајќи стерилизација и абортус, и да обезбеди ефикасни механизми за поддршка при носење на одлуки“. Вака поставената одредба од член 3, на предложениот закон, претставува експлицитно кршење на човековите права на заедницата со попреченост со што државата прави прекршување на член 4, 5, 6, 8, 9, 12, 17, 19, 21, 23, 25, 26, 33 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост како и член 15 од Конвенцијата за елиминирање на дискриминацијата врз жените, а со тоа и целосно кршење на човековите права на лицата со попреченост.

Имајќи ја предвид погоре наведената аргументација, Законот за прекинување на бременоста треба подобро да ги препознае сопствените потреби на адолесцентите, нивно вклучување во донесувањето на одлуки кои се однесуваат на репродуктивното здравје како и правото за автономно одлучување при пристапување кон услугите за абортус. Поставената возрасна граница на 18 години за донесување на сопствена одлука за прекин на бременоста кај малолетните лица треба да се ревидра, односно намали или целосно отстрани, и дополни со правен механизам кој ќе ја препознае сопствената волја на адолесцентите при донесување на одлука за абортус или да им се гарантира на адолесцентите можност да учествуваат во донесувањето на одлуки за сопствееното репродуктивно здравје. Со тоа ќе се овозможи полесен пристап на адолесцентите кон овие услуги и обезбедување на почит кон можностите и зрелоста на адолесцентите дека тие може сами да донесуваат одлуки кои се во нивен најдобар интерес.
На жените со одземена деловна способност, законот исто така треба да ја препознае сопствената волја на овие лица при донесување на одлука за абортус или да воспостави правен механизам со кои ќе им се гарантира на овие лица учество со поддршка заедно со своите стратели или родители во донесувањето на одлуки за сопственото репродуктивно здравје. На тој начин ќе се обезбеди почит кон правото да се осигура претходна согласност од жените со одземена деловна способност, во здравствените услуги поврзани со грижата за абортус.

Останатите коментари се приложени во прикачениот документ.
Прикачен документ на коментарот 255_КОМЕНТАРИ_на_Предлог_закон_за_абортус_Родова_Платф382034748.docx
<< < 1 > >>