Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог нов Закон за електронските комуникации

Министерство за информатичко општество и администрација
25.12.2023
Закон
Отворен
Во предлог новиот Закон за електронските комуникации ќе се транспонира ЕУ Директивата 2018/1972 на Европскиот Парламент и Совет од 11 Декември 2018 година.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

08.02.2024 Симона Крстовска

Целта на предложените измени е во вистинска смисла да се уважат главните ризици за сајбер безбедност при изградба на нови електронски комуникациски мрежи. Неприфатливо е ваквите анализи да бидат применувани ретроактивно бидејќи истото се коси со уставот на РСМ. Оттука, наш предлог е проценката на профилот на ризик на конкретни добавувачи и производители на мрежна опрема кај операторите да се прави при градба на нови комуникациски мрежи. Притоа согласно европските и светските стандарди при градба на ваквите мрежи јасно е дека пристапната мрежа ,,RAN“ и транспортната мрежа не се сметаат за критични функции. Предложените измени ќе и овозможат на Агенцијата при проценката на профилот на ризик, да се фокусира на реалните и релевантните безбедносни барања за сигурноста на определена мрежа, вклучувајќи сајбер безбедност и заштита на личните податоци. Во ниту еден случај, таквата проценка не смее да се темели на апстрактни критериуми кои со ништо не може да се докажат, како што беше досегашниот критериум да наводно спрониот добавувач или производител е под надзор на влада на друга држава без независна судска контрола??! Нејасно е, врз основа на кои критериуми, и врз основа на кои истражувања Агенцијата ќе докаже, без да дискриминира и без да ја ограничи конкуренцијата, дека во конкретна држава, има независна судска контрола, која проценка, апсолутно не е во надлежност на агенцијата. Оттука, како документ, од кој што треба да се раководи Агенцијата при процена на профилот на ризик, ја додадовме Шемата за гаранција за безбедност на опремата на ГСМА мрежи (NESAS). Волунтаристичкото уредување на определен правен субјект, како ризичен од аспект на добавувач на мрежна опрема без водење на соодветна постапка и без да му се даде можност на тој добавувач да се произнесе по наводите, е спротивно на Уставот на РСМ, позитивната регулатива од аспект на Законот за заштита на конкуренција, како и Договорот за СТО чиј потписник е РСМ, а кој наложува членките на СТО сите субјекти и сите даватели на услуги без оглед дали се домашни или странски, да бидат третирани подеднакво. Само со еден таков еднаков и фер третман во РСМ на сите инвеститори може да се очекува развој на економијата и поголема благосостојба на граѓаните.

Прикачен документ на коментарот 500_5_1437579809Нацрт_-_закон_Предлог_нов_Закон_за_еле1274604775.docx

07.02.2024 Билјана Алчева

Македонски Телеком АД Скопје смета дека рокот на јавната расправа е премногу краток и во никој случај не смее да биде пократок од 30 дена од денот на објавувањето на предложенот акт, дотолку повеќе што станува збор за обемно законско решение кое значително влијае на релевантниот пазар. Со цел да се обезбеди конструктивна јавна расправа со која ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови рокот треба да е многу подолог од дадените 20 денови.

07.02.2024 Љупка Новеска Андонова

Во прилог и подолу ви испраќам неколку забелешки и коментари кон Предлог Законот за електронските комуникации.

Членот 187 би претставувал опасност кон почитувањето на принципот на правна сигурност, од причина што нема јасни индикации какви се критериумите за процена каков би бил ризикот, што доведува до широка дискрециона моќ доделена на Агенцијата и оневозможување на слободен и непречен пристап до пазарот. Дополнително, во факторите за ризик кои Агенцијата треба да ги земе предвид при утврдувањето на профилот на ризик на добавувач или производител, Предлог Законот не ги пропишува критериумите врз основа на кои одредена држава би се сметало дека нема независна судска контрола.

Во однос на вториот фактор на ризик, дали добавувачите и производителите имаат јавно достапни информации за нивните основачи, деловни соработници, како и за органите на управување и раководење, Предлог Законот не зема предвид дали друштвата имаат таква обврска според законодавството на земјата каде што истите се регистрирани. Дополнително, не е уредено до кој степен овие информации треба да бидат достапни.

Во однос на тоа дали добавувачите и производителите поддржуваат иновации и ги почитуваат авторските и сродните права, како и правата од индустриска сопственост, во Предлог Законот не е дефиниран обемот на каков вид поддршка ќе се смета за доволна и како треба да се оцени дали одредено друштво ги почитува авторските права или правата на интелектуална сопственост.

Конечно, во Предлог Законот не е посочено кои стандарди и принципи ќе бидат земени предвид, согласно со барањето добавувачите и производителите да се финансираат транспарентно, во согласност со најдобрите практики за набавки, инвестиции и склучување на договори.

Во однос на ставот (5) од овој член, Агенцијата е овластена самостојно да ја донесе Методологијата за процена на профилот на ризик на добавувачи и производители на мрежна опрема. Така, добавувачите и производителите се исклучени од процесот и не им се обезбедува било какво право на правен лек или можност да ја оспорат процената на агенцијата, нарушувајќи им го слободниот и непречен пристап до пазарот.

Формулацијата на овој член се заснова на политички критериуми и не е усогласена со Кодексот за електронски комуникации на Европската унија. Поради тоа, членот 187 треба да се отстрани од текстот на Предлог Законот, или пак да се усогласи со Кодексот за електронски комуникации на Европската унија.
Прикачен документ на коментарот 497_Коментар_и_забелешки_за_Предлог_Законот_за_електро2006553270.docx
<< < 1 2 3 4 > >>