Министерство за култура
12.12.2019
Закон
Отворен
Во Република Македонија согласно Законот за државните награди, се доделуваат девет државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, заштита на човековите права, публицистиката и новинарството. Владата на Република Северна Македонија достави Иницијативата на Советот за македонски јазик, со која се предлага да се востанови нова државна награда за одавање на признание за високи стручни и научни достигнувања во областа на македонскиот јазик со која ќе се оддава признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и странство, која се предлага да го носи името на Блаже Конески. Исто така, Институтот за духовно и културно наследство на албанците достави Иницијатива со која се предлага да се востанови и уште една нова државна награда за одавање на признание за високи стручни и научни достигнувања во областа на албанскиот јазик и за албанологијата во земјата, која се предлага да го носи името на Ремзи Несими.