Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија

Министерство за внатрешни работи
07.12.2018
Закон
Затворен
Донесување нов закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија, како дел од сетот законски прописи чие донесување е предвидено за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

07.01.2019 Александар Николов

Во прилог ви доставуваме коментари на Предлог на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија

15.01.2019 Министерство за внатрешни работи

Почитуван,

во прилог не е видлив документ ниту коментар на кој можеме да одговориме.

06.01.2019 Стојан Карастој

1. Наместо овој закон кој е лош плагијат од Хрватските закони и чија цел е да ја промени политичката моќ во државата, и Наместо мерките и постапката да се обработуваат во законот за АВР, согласно член 17 и член 18 од Уставот на РМ и член 34 потребен е закон со кој ќе се пропишат мерки и услови со постапка за собирање на податоци и следење на комуникации за заштита на безбедноста и одбраната за сите државни органи (МВР, МО, АР, УБК, ЦУ, ФП, УФР) кои дошле во допир или имаат надлежност да собираат податоци од значење за безбедноста и одбраната за водење на безбедносни истраги или разузнавачки цели.

Законот ќе ги пропише, видовите на мерки, рокови, услови, постапки, чување на опремата и техничките уреди, редоследот на користење и извршување, територијална надлежност, контролата врз употребата на посебните технички уреди и опрема и резултатите добиени преку нив, размена на податоците, одговор на барања од други надлежни државни органи и давање меѓусебна поддршка. Употребата на разузнавачки средства да биде единствено во подршка на безбедносните истраги на територија на Македонија, а за разузнавачки цели во странство и екстериторијалните локации. На територија на државата примената на овие разузнавачки средства привремено ќе ја ограничи неповредливоста на лицето и живеалиштето, тајната на преписката и на другите форми на комуникација на граѓаните и странците кога го бараат тоа интересите на безбедноста и одбраната на Републиката а согласно член 17 и член 18 од Уставот на Република Македонија.

Законот ќе ја олесни работата на државните органи кои спроведуваат внатрешно разузнавање во водењето на истраги (УБК, БЈБ, ЦУ, УФР) и собираат податоци од граѓани и правни лица и водат евиденции за нив и активностите на Агенцијата за разузнавање и Воената служба за безбедност и разузнавање за да се формира Здружен разузнавачки комитет за определување на приоритети по утврден ризик и закана, собирање на податоци, известување, размена, потврда или отфрлање на информацијата, контрола врз примената на средствата.

2. Потребно е и дополнување во законот за кривична постапка за целта на примената на посебните мерки за заштита на безбедноста и одбраната кои подразбираат употребна на техничка опрема и уреди (разузнавачки методи и средства) и резултатите (податоците) добиени од нив во корист на доказната постапка во пропишана постапка.

3. Потребно е и дополнување во законот за Јавно обвинителство со цел формирање на ново одделение за водење на безбедносни истраги согласно пропишаните нови посебни мерки поврзани со надлежноста од заштитата на безбедноста и одбраната, односно за кд против државата, каде како сторител на кд тероризам, шпионажа, саботажа и оддавање на државна тајна често се јавува поединец. Со формирање на оделението во ЈО ќе се оствари и целта на примената на посебните мерки, раководењето со безбедносните истраги и оперативната координација со државните органи кои ќе ги применуваат мерките. Споменувам, дека оделението во ЈО за корупција и организиран криминал е за водење на криминални истраги и често методите и мерките (ПИМ и ПМ) се различни од целта.
<< < 1 2 3 > >>