Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка

Министерство за финансии
23.11.2018
Закон
Затворен
Поради потребата од појаснување и допрецизирање на одредбите од Законот за данокот на добивка се предлагаат измени и дополнувања на истиот
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

26.12.2018 Валентин Ѓорѓиоски

Член 11 треба во целост да се избрише, или да се применува само за поврзани лица. Се Ако некој даде заем на 25.12. лудост е да очекува да се врати до 31.12. А зошто бизнисите да не може да си помогнат меѓу себе со заем ? Овој член е потполно непотребен за трансакции меѓу правни лица.

19.12.2018 Маја Богдановска-Стојаноска

Во врска со предложените измени на Законот за данок на добивка, предлагаме во член 9 став 1 од Законот за данок на добивка, после точката 5-а) да се додаде нова точка 5-б) која ќе гласиЧ
„5-б) трошоци по основ на уплатени премии за доброволно здравствено осигурување над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен.“
-Образложение-
Овој конкретен предлог е од целата осигурителна индустрија, поточно од сите 11 Друштва за неживотно осигурување присутни на пазарот, а целта е стимулација на доброволното здравствено осигурување и развој на Јавните Здравствени Установи, што ќе придонесе кон развој на целокупниот финансиски систем, вклучително и преку истовремено продуцирање заштеди за Буџетот на ФЗОМ, а со тоа и заштеди на Буџетот на РМ.
Предлагачот на законот веќе има предвидено даночни ослободувања за уплатени премии за животно осигурување, како и за уплатен придонес во доброволен пензиски фонд (трет столб) од работодавач за своите вработени, што е за поздравување, иако тие нема да продуцираат заштеди во јавните финансии.
Имено, во член 9 од Законот за данок став 1 во точка 5 како непризнаени расходи се сметаат трошоците по основ на уплатени придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од две просечни месечни бруто плати, а после точката 5 во предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка после точка 5 е предвидена точка 5-а која гласиЧ
„5-а) трошоци по основ на уплатени премии за животно осигурување над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработенч“
Нашиот предлог е идентичен со предложените законски решенија за уплатена премија за животно осигурување, кој досега беше во целост непризнаен расходи и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд, кој пак досега беше признаен расход до износот од четири просечни месечни бруто плати, а со новиот предлог на закон се намалува на две просечни месечни бруто плати.
Практично, нашиот предлог е трошокот за доброволно здравствено осигурување да биде признаен расход во даночниот биланс во висина до две просечни месечни бруто плати исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен.
Обезбедувањето на доброволно (дополнително или приватно) здравствено осигурување од страна на работодавач за своите вработени сметаме дека е легитимен трошок или вистински расход и затоа треба да е признаен како таков. Имено, тој единствено треба да се перцепира како еден вид на инвестиција во најважниот производствен фактор – човечкиот капитал. Ова дотолку повеќе доколку се има предвид дека нивото на развој на македонската економија е такво што во голема мера се потпира на трудоинтензивните гранки, односно сеуште човечкиот фактор е клучниот производствен фактор.
Во ваков контекст, сметаме дека со предложеното признавање на трошокот за дополнително здравствено осигурување, ќе се зголеми вложувањето во здравјето на работниците и ќе се придонесе за зголемување на нивната продуктивност, особено имајќи предвид дека во осигурителните пакети за доброволно здравствено осигурување се покриваат и трошоци за превенција на болести, вклучително и преку систематските прегледи на работниците, кои пак се задолжителна законска обврска за секој работодавач.
Па така, нашиот предлог има за цел да ги стимулира работодавачите да се грижат за здравјето на своите вработени, да им обезбедат побргу достапни и поквалитетни здравствени услуги (во рамките на Јавните здравствени установи како дополнителна дејност или во ПЗУ), што на крајот ќе придонесе кон бенефит за сите, за вработените, за работодавачите, за продуктивноста на фирмите, за генерирање на раст во економијата преку создавање на вистински додадена вредност и поголем бруто општествен производ.
Инаку, доброволното здравствено осигурување може да се договори како дополнително здравствено осигурување или како приватно здравствено осигурување . Доброволното здравствено осигурување е неживотно осигурување и тоа ги покрива здравствените услуги кои не се опфатени во задолжителното здравствено осигурување преку користење услуги во приватното здравство, повисок стандард на услуги, трошоците на име учество со лични средства при користење здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување, како и услугите користени во дополнителната дејност во рамки на јавното здравство.
Притоа, сите осигуреници во доброволно здравствено осигурување мора да останат осигуреници и на ФЗОМ и понатаму да го плаќаат придонесот за задолжително здравствено осигурување.
Имајќи го тоа предвид, нашата оценка е дека примената на предлогот нема да има никакви негативни финансиски импликации, туку напротив ќе даде поддршка во подобрување на јавните финансии, финансиите на Јавните здравствени установи и состојбите во ФЗОМ, односно подобрување на услугите во јавното здравство.
Ова особено затоа што осигурениците кои ќе имаат доброволно здравствено осигурување (дополнително или приватно), ќе ги користат услугите, не само во приватните здравствени установи (ПЗУ), туку и во јавните здравствени установи (ЈЗУ) во рамки на дополнителната дејност, целосно на товар на Друштвата за осигурување, а не на товар на ФЗОМ.
Преку дополнителната дејност бенефитите за јавното здравство се во тоа што осигурениците ќе добијат повисок стандард на услуги, ќе ги избегнат листите на чекање, ќе добијат можност за сопствен избор на тим на лекари и сл. За јавните здравствени установи тоа ќе значи зголемување на нивните сопствени приходи (во рамки на дополнителната дејност) преку наплата за услугите од Друштвата за осигурување.
Ова секако ќе отвори простор и можност за ЈЗУ-ата да се справат со напластените големи и стари долгови и ќе ја врати нивната финансиска кондиција во нормални рамки, со што притисокот на Буџетот на ФЗОМ може значително да се редуцира, а со тоа и притисокот за дополнителен трансфер до ФЗОМ од Основниот Буџет на РМ.
Нашите проценки се дека „заштедите“ за ФЗОМ би биле минимум 120 милиони денари, и тоа под претпоставка дека само 1% од осигурениците на ФЗОМ кои се вработени (околу 6.000 лица) ги искористат здравствените услуги на товар на Друштвата за осигурување и доколку земеме дека во просек 1 вработен осигуреник го чини ФЗОМ 20.000 ден. на годишно ниво (6.000 х 20.000 ден.=120 мил. ден.). Доколку пак процентот на вработени осигуреници се зголеми, на пример, на 10%, заштедите би биле десеткратно поголеми, или тие би можеле да достигнат и до 1,2 милијарда денари.
Истовремено „изгубените приходи“ од данокот на добивка се минимални и се проценуваат на околу 3 милиони денари, имајќи предвид дека моменталниот пазар за доброволно здравствено осигурување е незначителен (вкупно бруто полисираната премија (БПП) во класата здравствено осигурување на ниво на цел осигурителен пазар во 2017 година е 58 милиони ден., под претпоставка дека само половина од оваа премија е платена од работодавачите за своите вработени, или околу 30 милиони, 10% ДД од 30 мил.ден. = 3 мил.ден.).
На крајот, уште еднаш би сакале да потенцираме дека од овој наш конкретен и конструктивен предлог произлегуваат многубројни позитивни и јасни ефекти, и тоаЧ
- развој на пазарот на доброволно здравствено осигурување, а со тоа и дополнителен развој на финансискиот пазарч
- олеснување и охрабрување на компаниите да се грижат за своите вработени преку подигнување на нивниот животен стандард, преку користење поквалитетни и побрзи здравствени услугич
- зголемување на средствата кои се влеваат во ЈЗУ-ата и подобрување на нивната финансиска состојба преку справување со напластените долгович
- намалување на притисокот (товарот) на ФЗОМ преку овозможување со исто ниво на приходи да покриваат трошоци за повеќе здравствени услугич
- намалување на притисокот на јавните финансии кој доаѓа од јавното здравство итн.
Со сето погоре наведено, сметаме дека не постои ниту една причина за овој наш предлог да не се прифати.
Прикачен документ на коментарот 288_Propratno_pismo_za_Inicijativa_za_danocni_oslobodu1002771971.pdf
Прикачен документ на коментарот 289_Инцијатива_Здравствено_Осигурување_v2138368705.pdf
<< < 1 > >>