Министерство за култура
12.11.2018
Закон
Отворен
Во Република Македонија согласно Законот за државните награди се доделуваат државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството. Согласно Законот, во Република Македонија се доделуваат следниве државни награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“, „8 Септември“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „Мајка Тереза" и „22 Ноември“. Владата на Република Македонија на седницата одржана на 09.10.2018 година донесе, по Иницијатива поднесена од Хелсиншкиот комитет на Република Македонија донесе заклучок со кој го задолжи Министерството за култура, во соработка со другите надлежни министерства да подготви Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди, со кој ќе се востанови нова државна награда за унапредување на човековите права која ќе го носи името на Мето Јовановски, основачот и првиот претседател на Хелсиншкиот комитет. Со наградата се оддава општествено признание за придонес во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.