Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

Министерство за култура
09.11.2018
Закон
Отворен
Во Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство на УНЕСКО е содржана препорака, согласно која е потребно во Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион донесен во 2010 година, да се утврди соодветен механизам за одлучување и управување, како и да се дефинираат надлежностите и составот на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион преку воспоставување на вистински партиципативен пристап во управувањето со доброто, со активно вклучување на локалните заедници и граѓанските организации. Имајќи предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион донесен во 2010 година во својата повеќе годишна примена покажа и други формални недостатоци се утврди потребата од изработка на нов закон. Со новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, ќе се создадат формално-правни предуслови преку интегрирано управување со природното и културното наследство да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата, како фактор на оддржливиот развој.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

17.12.2018 Охрид ЅОЅ

Во утврдениот рок, на 17 декември, Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ испрати кометари кон Предлог-законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион кои сметаме дека ќе придонесат за подобрување на Законот.
Коментарите беа доставени по електронски пат на назначената адреса во вашата објавата.
Ве молиме за потврда за прием на поднесениот документ.

Благодариме,
Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ

04.12.2018 Фронт 21/42 Фронт 21/42

Укажуваме дека со објавата на нацрт законот само на ЕНЕР и без никакви информации за јавна расправа не е спроведен член 56 од Законот за животна средина, поврзан со членовите 3 и 6 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина. Дополнително, поради законските прекршувања на самиот почеток, а поврзани со одлуката за носење закон и определување/информирање на засегната јавностч како и периодот на празници – сметаме дека со рок за коментирање од 20 дена не се обезбедуваат услови за ефективно учество на јавноста, онака како што налага Архуската конвенција, Законот за животна средина и соодветните подзаконски акти.

Почитувани,
Имајќи предвид дека Нацрт - Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион е закон од областа на животната средина, Ве известуваме дека, во согласност со член 6 од Уредбата за учество на јавноста, Министерството за животна средина и Министерството за култура имаат обврска „да обезбедат услови за учество на заинтересираната јавност со одржување на најмалку една јавна расправа и со ставање на нацрт прописот на јавен увид и на својата веб страна“. Исто така, Ве известуваме дека всушност од моментот кога ќе биде исполнета оваа законска обврска започнува да тече рокот во кој јавноста има право да испраќа свои коментари.

Имајќи предвид дека
- и покрај нашите многубројни укажувања на законските обврски да се објави соодветно одлуката за изготвување на законот, да се определи заинтересираната јавност, и истата да се информира директно (член 2,4,5 од Уредбата) – истите не беа испочитувани,
- фактот дека законскиот рок за коментари од јавноста (под претпоставка дека набргу ќе биде исполнета законската обврска елаборирана во горниот текст, од кога ќе почне да тече рокот) се поклопува со новогодишните и божиќните празници,
- фактот дека станува збор за закон кој го уредува управувањето на нашето единствено светско природно и културно наследство,

а во согласност со одредбите за ефективно учество на јавност од Архуската конвенција, Законот за животна средина и Уредбата за учество на јавноста, како и праксата од меѓународното законодавство, на пример одлуката на Архускиот Жалбен Комитет во случајот против Шпанија (Шпанија АЦЦЦ/2008/24) каде Комитетот констатира дека „постапките за учество на јавноста треба да вклучуваат разумни временски рамки за различните фази што и овозможуваат доволно време на јавноста да се подготви и ефективно да учествува, притоа имајќи предвид дека сезонските празници како дел од таквите временски рамки го попречуваат ефективното учество на јавноста“, бараме

- Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура во најбрз можен рок да го објават Нацрт – Законот и придружните информации, вклучувајќи ги и информациите за најмалку една јавна расправа, на своите интернет страници,
- Јавниот увид и коментирање на Нацрт- Законот да трае најмалку 50 дена, почнувајќи од денот на објавување на истиот на интернет страниците на Министерството за животна средина и Министерството за култура,
- По истекот на рокот да биде организирана најмалку една јавна расправа.


Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ го задржува правото да достави коментари на содржината на Нацрт – Законот.

16.11.2018 Комисија за култура Собрание на РМ

Почитувани,

Ве информираме дека Комисијата за култура на 22.05.2018 г. во три продолженија одржа надзорна расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“. На надзорната расправа со свои искази учествуваа 21 лице - сегашни и поранешни министри, градоначалници, директори на јавни претпријатија, експерти од областа, како и претставници од невладиниот сектор во државата. Врз основа на исказите од сведоците, како и дополнително добиените информации, мислења и документи, Комисијата за култура усвои 24 Заклучоци коишто беа доставени до сите учесници на надзорната раправа и до сите надлежни институции од соодветната област. Во интерес на јавноста, Заклучоците беа објавени на веб-страницата на Собранието на Република Македонија.
Очекуваме дека Заклучоците усвоени од Комисијата за култура ќе бидат земени предвид при изработката на новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Комисија за култура
Собрание на Република Македонија
<< < 1 2 > >>