Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за јавниот интерес во културата

Министерство за култура
27.06.2018
Закон
Отворен
Со Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18) донесен во 1998 година, се утврдени основата на културата како темелна вредност на Република Македонија, облиците на остварување на културата, начинот и условите за финансирање, правата од работен однос во областа на културата и правата од работен однос во националните установи, како и други прашања од интерес за културата. На Законот до денес направени се 16 измени и дополнувања. Неколкуте последни измени и дополнувања на Законот, недоследностите ги доведуваат до апсурд поради што се наложи итна потреба од донесување на нов закон.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

15.08.2019 Маја Кировска

Предлози и забелешки од група уметници со статус самостоен уметникЧ Маја Кировска, Ана Ивановска, Перо Кованцалиев и Калина Мрмевска (продолжение на претходниот коментар, целиот коментар е прикачен како ворд документ)

2. Исто така сметаме дека примената на Член 39, Став (2) според кој „Називот на самостојниот уметник ги содржи ознаката ‘самостоен уметник’, неговото лично име и презиме и евентуално неговиот псевдоним“, не би требало да се применува ретроактивно бидејќи ваква одредба до сега не постоеше и самостојните уметници ги имаат регистрирано своите правни субјекти под поинакви креативни називи, со кои веќе изградиле препознатливо реноме за својата работа. Промената на постоечките називи би било на штета на нивната работа и би направило забуна кај клиентите со кои соработуваат. Исто така менување на имињата на постоечките правни субјекти ќе предизвика непотребни трошоци за самостојните уметници со значителен износ.

Како можно решение предлагаме овој модел на назив на фирмите да се исфрли од членот 39 или да важи само за новите апликанти кои основаат фирма по донесувањето на овој закон, односно да важи за во иднина, а не ретроактивно.

3. Сметаме дека е потребно појаснување на Член 41, став (1), точка 5., според кој самостојниот уметник треба „да остварува врз основа на творештвото или стручните работи во културата годишен приход од најмалку три минимални бруто плати исплатени во стопанството во тековната година.“ Не е јасно дали под „приход од најмалку три минимални бруто плати исплатени во стопанството“ се подразбира било кој приход исплатен преку авторска агенција, приход по договор за дело на трансакциска сметка или приход исплатен по фактура на правниот субјект. Доколку се мисли исклучиво на правниот субјект, како што ни беше кажано во разговор со членови на работната група, истото треба да се појасни.

Но, доколку се мисли исклучиво на приход исплатен преку правниот субјект, а не се земат во предвид исплатите преку авторска агенција, за поголемиот број на самостојни уметници ќе претставува проблем да го исполнат овој услов на наредниот конкурс во ноември 2019, доколку Законот дотогаш се донесе и стапи во сила. Вакава одредба не постоеше во претходниот Закон и уметниците беа советувани сметката на правниот субјект „Самостоен уметник“ да не ја користат за други цели освен за прием на средствата за месечни надомести од Министерството. Тие имаат реализиран приход преку авторска агенција или по договор за дело и нема да имаат доволно време да се организираат и во меѓувреме да најдат работа за да го исполнат овој услов, затоа што повеќето хонорари им се исплаќаат преку авторска агенција.

Прифатливо решение би било кога под „годишен приход од најмалку три минимални бруто плати исплатени во стопанството во тековната година.“ би се сметале сите приходи на уметникот, по основ на авторски договори и фактури на фирма, или кога оваа точка би стапила во примена од наредниот конкурс во 2020 година, за уметниците да имаат доволно време да го исполнат условот, односно хонорарите кои ги остваруваат со својата работа да ги пренасочат преку својата фирма, а не преку авторска агенција.

Ова важи за уметниците кои веќе го оствариле правото на месечен надомест за самостоен уметник, но не работеле активно преку сметкаа на правниот субјект „Самостоен уметник“.

Новите апликанти регистрираат правен субјект непосредно пред конкурсот и тој правен субјект најчесто нема направено никаков промет, па и тие нема да бидат во можност да го поткрепат овој услов, а истиот е наведен и се бара при аплицирање.

Пологично е доказот за годишен приход да биде наведен и да се бара во извештајот кој се доставува наредната година, Член 44, точка 7 и претставува услов да не се изгуби правото на месечни надоместоци.

Прикачен документ на коментарот 381_Забелешки_и_предлози_од_група_самостојни_уметници_1044186719.docx

15.08.2019 Кирил Митоски

Во членот 67
став 1 од Предлог Законот
да се додаде – освен за Играч во Танец уметници од 1 категорија, ниво 1,2,3,4,5,6 треба да имаат завршено средно образование.
- и покрај тоа што при Музичката академија во Штип постои оддел за Етнокореологија не секогаш дипломираните студенти ги исполнуваат потребните критериуми за вработување во Танец на пр. висина, тежина, талент, познавање на репертоар итн. Сакам да укажам на спецификата на оваа професија и целосна поддршка на напишаното од колешката од Балетот. Талент, младост, конд.подготвеност и посветеност се единствените предуслови за оваа професија. Се разбира дека образованието е битен сегмент но во овој случај само доколку кандидатите би имале изедначени поени. Како единствен предуслов за вработување не.

Во член 84 став 2 од
Предлог Законот да се дополни - со исклучок на Играч во Танец вработени од 1 категорија ниво 1,2,3,4,5,6 кои се унапредуваат во постапка согласно интерен правилник на Н. У Танец.

15.08.2019 Маја Кировска

Предлози и забелешки од група уметници со статус самостоен уметникЧ Маја Кировска, Ана Ивановска, Перо Кованцалиев и Калина Мрмевска (продолжение кон претходниот коментар, целиот коментар е прикачен како ворд документ)

2. Исто така сметаме дека примената на Член 39, Став (2) според кој „Називот на самостојниот уметник ги содржи ознаката ‘самостоен уметник’, неговото лично име и презиме и евентуално неговиот псевдоним“, не би требало да се применува ретроактивно бидејќи ваква одредба до сега не постоеше и самостојните уметници ги имаат регистрирано своите правни субјекти под поинакви креативни називи, со кои веќе изградиле препознатливо реноме за својата работа. Промената на постоечките називи би било на штета на нивната работа и би направило забуна кај клиентите со кои соработуваат. Исто така менување на имињата на постоечките правни субјекти ќе предизвика непотребни трошоци за самостојните уметници со значителен износ.

Како можно решение предлагаме овој модел на назив на фирмите да се исфрли од членот 39 или да важи само за новите апликанти кои основаат фирма по донесувањето на овој закон, односно да важи за во иднина, а не ретроактивно.

3. Сметаме дека е потребно појаснување на Член 41, став (1), точка 5., според кој самостојниот уметник треба „да остварува врз основа на творештвото или стручните работи во културата годишен приход од најмалку три минимални бруто плати исплатени во стопанството во тековната година.“ Не е јасно дали под „приход од најмалку три минимални бруто плати исплатени во стопанството“ се подразбира било кој приход исплатен преку авторска агенција, приход по договор за дело на трансакциска сметка или приход исплатен по фактура на правниот субјект. Доколку се мисли исклучиво на правниот субјект, како што ни беше кажано во разговор со членови на работната група, истото треба да се појасни.

Но, доколку се мисли исклучиво на приход исплатен преку правниот субјект, а не се земат во предвид исплатите преку авторска агенција, за поголемиот број на самостојни уметници ќе претставува проблем да го исполнат овој услов на наредниот конкурс во ноември 2019, доколку Законот дотогаш се донесе и стапи во сила. Вакава одредба не постоеше во претходниот Закон и уметниците беа советувани сметката на правниот субјект „Самостоен уметник“ да не ја користат за други цели освен за прием на средствата за месечни надомести од Министерството. Тие имаат реализиран приход преку авторска агенција или по договор за дело и нема да имаат доволно време да се организираат и во меѓувреме да најдат работа за да го исполнат овој услов, затоа што повеќето хонорари им се исплаќаат преку авторска агенција.

Прифатливо решение би било кога под „годишен приход од најмалку три минимални бруто плати исплатени во стопанството во тековната година.“ би се сметале сите приходи на уметникот, по основ на авторски договори и фактури на фирма, или кога оваа точка би стапила во примена од наредниот конкурс во 2020 година, за уметниците да имаат доволно време да го исполнат условот, односно хонорарите кои ги остваруваат со својата работа да ги пренасочат преку својата фирма, а не преку авторска агенција.

Ова важи за уметниците кои веќе го оствариле правото на месечен надомест за самостоен уметник, но не работеле активно преку сметкаа на правниот субјект „Самостоен уметник“.

Новите апликанти регистрираат правен субјект непосредно пред конкурсот и тој правен субјект најчесто нема направено никаков промет, па и тие нема да бидат во можност да го поткрепат овој услов, а истиот е наведен и се бара при аплицирање.

Пологично е доказот за годишен приход да биде наведен и да се бара во извештајот кој се доставува наредната година, Член 44, точка 7 и претставува услов да не се изгуби правото на месечни надоместоци.

Прикачен документ на коментарот 380_Забелешки_и_предлози_од_група_самостојни_уметници_660572241.docx
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>