Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за спречување и заштита од дискриминација

Министерство за труд и социјална политика
04.04.2018
Закон
Затворен
Согласно Стратегијата за еднкавост и недискриминација 2016-2020 и согласно извештаите на Европската комисија во насока на унапредување на законодавството за поефикасна превенција и заштита од дискриминација, Министерството за труд и социјална политика во 2016 година пристапи кон измена на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Новиот текст на Законот ќе биде усоглаен со меѓународните стандради и истиот ќе обезбеди поефиаксна заштита од дискриминација, што недостасува во примената на постоечкиот закон.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

30.04.2018 Институт за човекови права

Почитувани,

Го поздравуваме новиот Предлог-Закон за спречување и заштита од дискриминација од кој е видна заложбата за промоција и заштита на човековите права на сите граѓани и групи подеднакво и тоа на подостапен и професионален начин во однос на досегашната состојба. Особено го поздравуваме континуираниот инклузивен процес во постапката за измена на антидискриминаторската регулатива. Сепак, за исполнување на оваа цел потребно е одредено дополнување на предложените законски одредби и тоа-
1. Одредбата од член 7 став 3 точка 3 од предложениот предлог-закон е непотребна затоа што истата е контрадикторна со целта на предлагањето на овој закон. Ако оваа одредба биде дел од конечниот законски текст кој ќе биде усвоен, тоа би значело дека одредени дискриминаторски одредби кои се содржани во други прописи и преземањето на активности од кого и да било врз нивна основа, нема да претставуваат дискриминација, што би било спротивно на антидискриминаторската цел на овој закон.
2. Во одредбите од член 16 до член 20 од предлог-законот во однос на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација употребени се поимите „именување“ и „избор“ кои по суштина се различни правни поими, а во конкретниот контекст на предлог-законот се користени да означат една иста постапка и правна состојба. Поради тоа потребно е да се одлучи кој поим е правно поиздржан да се користи во овој случај (дали „именување“ или „избор“ на членовите на Комисијата) и понатаму во законските текст да се обезбеди конзистентност при употребата на овој поим.
3. Потребно е да се дополни став 3 од членот 20 од предлог-законот така што при спроведување на постапката за разрешување на член на Комисијата, да се пропише одржување јавна расправа во Комисијата за прашања на изборите и именувањата и тоа во иста фаза и на истоветен начин како што тоа е предвидено во член 18 став 3 од овој предлог-закон.
4. Во постапката за избор/именување на членовите на Комисијата и во постапката за разрешување, да се овозможи правото на жалба на неизбраните/неименуваните кандидати, како и на членот на Комисијата кој е разрешен, притоа имајќи ги предвид другите (особено процесни) прописи од македонскиот правен поредок, а и компаративните искуства.
5. Со цел подобрување на текстот од предлог-законот, потребно е да се дополни член 21 став 1 точка 24 така што да се предвиди рок во кој Комисијата треба да го достави годишниот извештај до Собранието на РМ и тоа не само на разгледување, туку и на усвојување од страна на Собранието на РМ.
6. Потребно е дополнување на член 38 со нов став 2 така што да се предвиди дека мислењето донесено од страна на Комисијата (ако такво е донесено пред започнување на судската постапка), кое ќе биде изведено и оценувано како доказ од страна на судот, задолжително да биде образложено од член од Комисијата во доказната постапка во рамките на конкретната судска постапка.
7. Во македонскиот правен поредок во преку 12 закони содржани се законски одредби кои регулираат прашања на антидискриминација. Овие одредби се различни по својот опфат и главно се порестриктивни од одредбите предвидени во овој Предлог-Закон за спречување и заштита од дискриминација. Од таа причина неопходно е да се дополнат преодните и завршните одредби од овој предлог-закон така што да се пропише дека одредбиде од овој закон имаат предност во примената во однос на одредбите од другите закони кои што содржат одредби кои регулираа какви и да било прашања за спречување и заштита од дискриминација.

Веруваме дека инклузивниот процес, како што беше до сега, така и во периодот што следи, ќе обезбеди најдобар законски текст и како таков истиот ќе биде усвоен од страна на Собранието на РМ.

Институт за човекови права

04.05.2018 Министерство за труд и социјална политика

Почитувани,

Ви Благодариме за дадените коментари и за целиот Ваш активен придонес во изминатиот период, Институтот за човекови права беше дел и сеуште е дел од работната група која го изработуваше новиот текст на законот. Имено и на јавната дебата одржана на 23ти април 2018 година, ИЧП ги даде истите коментари кои се веќе забележани и дел ќе бидат вметнати во новиот текст на законот. За коментарите кои нема да бидат прифатливи ќе Ве известиме дополнително и за истите ќе ве контактираме.

МТСП

27.04.2018 З НРЦ

Предлози и мислења од здружение Национален ромски центар во врска со Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација

• Предлози како општи заклучоци
Предлагаме да се дополни предлог Законот со одредба за забрана на говор на омраза како облик на дискриминација, кој ги покрива сите форми на изразување и говор кој шири, поттикнува, промовира или оправдува расна/етничка омраза, ксенофобија, анти-семитизам или други форми на омраза и нетолеранција.
Предлагаме воведување на посебни одредби во предлог текстот на Законот за спречување и заштита од дискриминација насочена кон деца за исклучување на било која форма на дискриминација насочена кон деца, бидејќи поради нееднаков пристап до правда во управни или судски постапки на нивните родители децата се предмет на индиректна дискриминација.
Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација не е изменета суштината на дејствувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно нејзиното постапување и натаму има второстепена и советодавна улога.
Во Законот не е доволно конкретизирана постапката што ќе се води пред Комисијата во смисла на тоа дека најчесто дискриминацијата се врши врз социјално загрозени и маргинализирани групи, кои потешко имаат пристап и можност до правна заштита. Па во таа насока препорачуваме особено да се внимава на заштита и помош на странките во постапката согласно начелото на активна помош на странката во сите управни постапки бидејќи незнаењето или неукоста на странката која учествува во постапката не треба да биде на штета на нејзините законски права и интереси. Препорачуваме да се предвиди механизам за исполнување на оваа улога од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во сите ситуации кога се пријавува можна дискриминација. Со тоа Комисијата би овозможила поефикасна заштита на правата на лицата кои се жртви на дискриминација.
Посебни конкретизирани коментари и предлози

- Чл. 6 Предлагаме дополнување да се додаде зборот неоправдано во дефиницијата на дискриминација за да гласи „ Дискриминација е секое неоправдано разликување, исклучување, ограничување или давање првенство....Ќ
- Чл.14 - Предлагаме дополнување на ст.2 или додавање на ст.3 каде што Комисијата ќе има свои претставништва во други градови на ниво на државата, а со тоа истата ќе стане подостапна
- Чл.21 ст.1 т.18 – Би ја дополниле точката така што оваа надлежноста на Комисијата да претставува и обврска, а не само алтернативно право
- Чл.23 ст.4 – Каде што е наведено дека Комисија покренува постапка по службена должност, да биде прецизирано со „Комисијата има задолжителна обврска да покрене постапка по службена должност“
- Чл.24 ст.2 - Да се дополни дека во задолжението ќе биде конкретно наведено со што треба да се уреди претставката особено ако подносителот не е застапуван од адвокат
- Чл.24 ст.5 – Да се зголемат роковите и тоа 1 година субјективниот рок и 5 години објективен рок
- Чл.24 ст.7 – Да се смени рокот за поднесување на претставката до лицето до кое е поднесена во рок од 3 дена, а неговото изјаснување да биде во рок од 8 дена.
- Чл.27 ст.1 – Рокот во кој Комисијата дава мислење да биде 30 дена
- Чл.27 ст.3 – Рокот во кој е определено лицето да постапи по препораката, да биде 8 дена, но не подолго од 30 дена
- Чл.32 ст.1 – Да стои дополнување дека Комисијата е должна да покрене судска постапка доколку утврди дискриминација.

Со почит
Здружение Национален ромски центар
Ул Доне Божинов 11/5 Куманово
Е-маилЧ iнфо@naтionalрomaцеntrуm.orг
<< < 1 2 3 4 > >>