Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи

Министерство за труд и социјална политика
29.03.2018
Закон
Затворен
Во текот на имплементацијата на Законот, се наметна потребата од доуредување на некои од одредбите со цел да истите да бидат недвосмислени, односно да бидат јасни во примената. Исто така, според коментарите на Комитетот на Советот на Европа, за примената на ратификуваните членови од Европската социјална повелба, одредени одредби од Законот, не се во согласност со Повелбата.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

23.04.2018 Гоце Карадаков

Почитувани,

Во прилог Ви доставуваме Барање за измени и дополнување на Законот за работните односи.
Прикачен документ на коментарот 175_Baranje_za_izmena_i_dopolnuvanje_na_Zakonot_za_rab1362160497.pdf

24.04.2018 Министерство за труд и социјална политика

Почитувани ,
Во врска со Вашиот коментар и прашање кои се однесуваат на предлог измените и дополнувањето на Законот за работните односи упатени до нас Ви укажуваме дека истите не се однесуваат на одредби од ЗРО кои во мементов се предмет на измени и дополнувања и истите ке бидат земени во предвид при донесување на новиот Закон за работни односи кој се предвидува за декември месец оваа година.




Миле Стојановски
Државен советник во сектор за креирање на политики од областа на трудовото право и политики за вработување
3106219
Република Македонија

23.04.2018 Иван Сотировски

Почитувани,
Од причините кои се наведени кон предлог текстот за изменување и дополнување на Законот за работните односи може да се заклучи дека со овој предлог од една страна се врши доуредување на Законот, со цел негово усогласување со Европската социјална повелба, а од друга страна предкожените измени се согласно извештајот „Duing Business 2018“ на Светската банка и Програмата за работа на Владата на Република Македонија.
Имајќи ги предвид горенаведените причини во процесот пред донесувањето на оваа предлог измена на Законот, би сакал да обрнам внимание на одредбите од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“, бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) во глава XVIII Синдикати и здруженија на работодавачи кои се однесуваат на основањето, членувањето, здружувањето, правниот субјективитет и постапката за негово стекнување, а кои треба да се изменат без одложување и за кои сметам дека би требало да станат дел од оваа предлог измена.
Имено, овој дел од Законот, двапати беше изменуван и дополнуван и притоа и во двата случаи одредбите кои се донесуваа во голема мера беа дискутабилни!?
Така, со членот 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09) беше изменет членот 189 и се утврди дека Синдикалната организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице по денот на уписот во Централниот регистар на Република Македонија, додека синдикат на повисоко ниво стекнува својство на правно лице по денот на уписот во Централниот регистар на Република Македонија, а по претходен упис во регистарот на синдикати коj го води Министерството за труд и социјална политика.
Понатаму со членовите 25 и 26 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09) беше интервенирано во членовите 191 и 192 од Законот за работните односи и се допрецизира постапката за упис на синдикатите на повисоко ниво пред Министерството за труд и социјална политика и постапката по донесувањето на Решението за упис од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Со членот 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/12) во членот 189 беше избришан ставот 1 со што се ограничи правото на синдикално здружување на работниците на ниво на работодавач.
Овие две измени на Законот, беа донесени и покрај тоа што и двете се во спротивност со:
1.Конвенцијата бр.87 за слободата на здружување и заштита на правото на организирање од 09 јули 1948 година која е обврзувачка за сите земји членки на Меѓународната организација на трудот.Република Македонија е членка на Меѓународната организација на трудот од 28 мај 1993 година.
Според оваа конвенција, работниците и работодавачите без претходно одобрување имаат право да основаат организации и само врз основа на правилата на организацијата, да пристапуваат во истата по сопствен избор. Јавните органи според оваа конвенција мораат да се воздржат од какво било мешање што би довело до ограничување на ова право или попречување на неговото законито применување во пракса.
Конвенцијата понатаму, го утврдува правото на работниците и работодавачите да формираат и да се приклучуваат во федерации и конфедерации кои пак имаат право да се зачленуваат во меѓународни организации на работници и работодавачи.
Добивањето правен статус на организациите на работниците и работодавачите, федерациите и конфедерациите согласно оваа конвенција, не смее да биде предмет на услови со кои би се ограничило правото на слободно основање и здружување.
Националните законодавства не смеат да бидат конципирани на начин со кои би се ограничиле гаранциите утврдени со оваа конвенција.
2.Одредби од самиот Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“, бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) каде во глава XVIII Синдикати и здруженија на работодавачи во духот на горенаведената конвенција, во член 184 е утврдено правото на работниците и работодавачите по слободен избор да основаат синдикат и здруженија и во нив да се зачленуваат под услови пропишани во актот за основање (сатут) и правилата на синдикатот односно здружението.Основањето на синдикатите и здруженијата согласно овој член може да се спроведе без претходно одобрување
Во членот 187 од Законот, утврдено е правото на синдикатите и здруженијата на работодавачите да основаат свои сојузи или други облици на здружување (синдикати на повисоко ниво) и истото не претставува должност туку право на синдикатите и здруженијата на работодавачите да можат да се здружуваат на повисоко ниво заради остварување на своите интереси.
3.Уставот на Република Македонија во член 37 ја утврдува можноста синдикатите да основаат свои сојузи, а правото на синдикално организирање со закон го ограничува само во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Од сето горенаведено може да се заклучи дека Законот за работните односи треба да претрпи измени во делот на глава XVIII Синдикати и здруженија на работодавачи со цел да се отстранат ограничувањата кои се гарантирани со Конвенцијата бр.87 за слободата на здружување и заштита на правото на организирање од 09 јули 1948 година и Уставот на Република Македонија.
На крајот би сакал да напоменам дека во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017-2020 во делот „Нови работни места и повисоки плати“ е предвидено синдикатите да можат да се регистрираат само во Централниот регистар на Република Македонија без постапката која треба да се спроведе пред Министерството за труд и социјална политика.

Прикачен документ на коментарот 174_Предлог_за_доплнување_на_ЗРО730290434.pdf
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 > >>