Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за приватните агенции за вработување

Министерство за труд и социјална политика
13.12.2017
Закон
Затворен
Постојната ситуација со која начинот на основање и функционирање на агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство, беше уреден со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, беше надвор од целта на донесувањето и уредувањето на овој закон и не беше во духот на вработување и осигурување во случај на невработеност.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

21.12.2017 Раде Ненадик

Предлозениот закон е контрадикторен и дискриминирацки.
Контрадикторен е во делот на обврска на АПВ за исплата на плата на отстапени работници во смисла дека во повеке цленови се провлекува одредба во рок од 90 дена , во цлен 27 стои во согласност со Закон ( кој ) и колективен договор ?
Дисриминирацки е заради тоа сто Агенциите за посредуванје се повластени во однос на Агенциите за привремени вработуванја!
Вторите имаат 4 вида лиценци , првите само една.АПВ со лиценците се јасно ограницени колку работници мозат да отстапуваат АПВВ не се , немаат банкарски гаранции ( АПВ од 10.000 до 50.000 еур ) имаат полиберални услови за добиванје на лиценца и слицно. Сметам дека ова сериозно треба да се разгледа пред носење на Законот.
Со поцит ,

27.12.2017 Министерство за труд и социјална политика

Почитувани,
Одредби коишто споменуваат исплаќање на плати и надоместоци на плати во рок од 90 дена во Предлогот на Закон за приватните агенции за вработување, нема.
Во член 15 став 1 алинеја 7 е предвидено дека ако приватната агенција за вработување со лиценца за привремени вработувања на работниците со кои склучила договори за вработување, не им исплатила плата и надоместоци на плата, три месеци од денот на настанувањето на обврската или платата и надоместоците на плата не ги исплатува, согласно со закон, колективен договор, договорот за отстапување на работник и договорот за вработување, лиценцата ќе биде одземена . Директно поврзана со оваа одредба е и прекршочната одредба содржана во член 42 став 1 алинеја 4, која покрај одземањето на лиценцата, за прекршокот од овој член предвидува и парична казна за правното лице-приватна агенција со лиценца за привремени вработувања.
Со членот 27 став 2 е уредено дека приватната агенција за вработување со лиценца за привремени вработувања е должна платата и надоместоците на плата на отстапениот агенциски работник да му ја исплати согласно со закон и колективен договор. Притоа, согласно член 109 од Законот за работните односи,како системски закон,кој ги уредува работните односи помеѓу работникот и работодавачот, настанати со склучување на договор за вработување, платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец и истатата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период.
Согласно наведеното, контрадикторност нема - едните одредби го утврдуваат максималниот период по истекот на кој се одзема лиценцата, а другата упатува на општите прописи од работниот однос, кои утврдуваат исплаќање по истекот на месецот за кој се исплатува платата.Ова значи дека, доколку работодавачот не ја исплати платата согласно членот 109 од Законот за работните односи, за истото ќе биде казнет, но лиценцата за привремени вработувања ќе му биде одземена само ако три месеци од денот на настанувањето на обврската не исплати плати и надоместоци на плата.
- Предложениот закон не е дискриминирачки и не се содржани полиберални услови за добивање на лиценца. Напротив, критериумите одговараат на карактерот и обемот на работите што наведените агенции ги вршат. Имено, агенциите со лиценца за привремени вработувања се јавуваат како работодавачи во односите со другите работниците, а за да можат таа улога да ја вршат, потребни се поголем број на лица вработени директно во агенцијата, и соодветно на тоа и поголема квадратра на деловниот простор. Агенциите со лиценца за посредување не поднесуваат банкарски гаранции, бидејќи не вработуваат лица на кои можат да не им исплатат плата и надоместоци на плата, како што е случајот со агенциите што вршат привремени вработувања. Во случајот на посредување, банкарските гаранции се беспредметни. Бројот на лица на кои можат да им посредуваат не е ограничен, од истата причина поради која не се поднесуваат и банкарските гаранции, односно, не се склучува однос кој во случај на лошо работење на агенцијата, би продуцирал долг кој не може да се покрие од страна на агенцијата и, доколку внимателно се прочита предлог-законот, ќе се види дека кај агенциите со лиценца за привремени вработувања има 4 типа на лиценци, а кај агенциите со лиценца за посредување се издаваат 3 типа на лиценци.
<< < 1 > >>