Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за работни односи

Министерство за труд и социјална политика
02.01.2015
Закон
Отворен
Целта на донесување на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи е доуредување на надлежноста на повеќе инспекторати во случај на затекнување на непријавени работници
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

16.01.2015 Американска стоп. комора AmCham Macedonia

Американската стопанска комора во Македонија ги поздравува предложените промени на Законот за работни односи, кои се однесуваат на годишниот одмор како и на прекувремената работа. Сметаме дека конкретно овие измени ќе придонесат за пофлексибилно делување согласно потребите на компаниите и нивните вработени.

Сепак, остануваат отворени проблеми во областа на менаџирање со човечки ресурси за кои деловната заедница посочува подолго време, вклучувајќи ги следните точки

Законот за работни односи (ЗРО), во изминатите 5 години е менуван повеќе од 17 пати, при што честопати изостанува усогласеност на изменетите одредби со другите акти (Општиот колективен договор за стопанството и 14 грански колективни договори) кои се применуваат при регулирањето на работните односи (пр. Концептот на бруто плата кој е воведен во 2009 година, се уште не е усогласен во некои грански колективни договори). Ваквото често менување на прописите создава правна несигурност и дополнителни обврски за работодавачите.
Препорака - Министерството за труд и социјална политика треба да одржува редовни, отворени консултации со менаџерите за човечки ресурси од компаниите од различни индустрии и големини, за подобра антиципација на проблемите со кои тие би се соочиле при усвојување на одредени измени на ЗРО. Исто така, за сите понатамошни правни измени, неопходно е воведување на законски утврден минимален рок од најмалку 6 месеци, во кој компаниите би ги адаптирале своите операции. Ваквите мерки при придонеле за поголема легислативна транспарентност и предвидливост.

Некоординираноста и слабата комуникација помеѓу државните институции, создава неконзистентност во податоците и непотребно ја мултиплицира работата и на работодавачите и на работниците. Ваквата неусогласеност може да се утврди при споредување на податоците помеѓу Агенцијата за вработување и Пензискиот фонд поврзани со социјалното осигурување на работниците.
Препорака - Сите државни институции кои се одговорни за евидентирањето на работниците и вработувањата воопшто, неопходно е да донесат под законски акти за регулирање на работата помеѓу нив, со цел зголемување на координацијата и комуникацијата помеѓу нив.

Согласно сегашната законска регулатива, надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства. По истекот на првите 30 дена доколку првичната дијагноза за спреченост за работа се промени, работникот има право да искористи нови 30 дена за привремена спреченост и надоместокот на плата повторно го исплатува компанијата. Сегашните одредби во случаи на подолгорочна спреченост за работа неоправдано го префрлаат целиот товар на компаниите.
Препорака - Во случаи на подолгорочна спреченост за работа, по истекот на законски утврдените 30 дена за покривање на надоместокот на плата од страна на компанијата, работникот треба да ги остварува правата од здравствено осигурување исклучиво преку Фондот за здравствено осигурување.

Многу често, работниците не го почитуваат законски предвидениот отказен рок од 30 дена. Додека за работодавачите се пропишани јасни правила и процедури кои мора да се следат при откажувањето на договорот, за работникот не е предвидено со закон кои се последиците доколку работникот не го почитува овој рок и престане да доаѓа на работа.
Препорака - Дополнителен член во Законот со кој јасно ќе се утврдат условите и ќе се прецизира постапката според која работникот може да го откаже договорот за вработување е неопходен, со цел да се санкционира несовесното однесување на работникот кој нема да го запази отказниот рок загрозувајќи го непреченото функционирање на компанијата, особено во производствениот сектор.

Законски пропишаната документација (месечен извештај за плата, решение за годишен одмор) за вработувањата и редовните известувања до вработените предизвикуваат огромен административен товар, кој неефикасно ги исцрпува административните и човечки ресурси на компанијата.
Препорака - Целата евиденција за вработените и месечните известувања до вработените да се спроведуваат електронски со цел намалување на административните преоптоварувања за работодавачите кои изискуваат обемно и непотребно ангажирање на човечки и материјални ресурси.

Во Република Македонија се прославуваат голем број празници чие одбележување честопати го прекинува производствениот процес и ја одложува навремената испорака. Ова значи дека компаниите кои делуваат во земјата мора да работат со намалена продуктивност најмногу 27 дена во годината.
Препорака - Законодавците треба да го намалат вкупниот број на национални, религиозни и етнички празници кои се одбележуваат во земјата со цел зголемување на продуктивноста на компаниите.

Законските одредби за прекувремена работа се премногу рестриктивни и изискуваат постојано и обемно рапортирање до државните институции. Имено, прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела (споредено со ЕУ земјите каде се дозволени максимални 12 часа неделно) и најмногу 190 часа годишно.
Препорака - Зголемувањето на предвидените часови на годишно ниво за прекувремена работа и поголема флексибилност при известувањето на државните институции за овие часови, за одредени индустриски гранки може да се смета за оправдана.

Го цениме вашето разгледување на овие проблеми и спремни сме да дадеме било какво понатамошно објаснување или анализа која сметате дека е потребна со цел нивно надминување.

Прикачен документ на коментарот 12_Коментар_на_Законот_за_работни_односи-АмЧам_Македо1878096984.docx
<< < 1 > >>