Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК


1. Општи одредби


Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира. ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање на граѓаните на РМ, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.


2. Регистрација и управување со кориснички профил


Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.


За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕРе валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.


Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка.


Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:
- МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
- администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
- МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.


Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.


3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР


Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.


МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.


Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.


Ако од било која причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.


Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.


4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР


Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.


ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.


Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на РМ, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.


Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.


5. Завршни одредби


Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ENER

Прописи

Подрачја:

ПРАВНА ОБЛАСТ > ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ПРАВНА ОБЛАСТ > ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА > ДРЖАВНА УПРАВА

    
07/12/2018 Закон за внатрешни работи
    
07/12/2018 Предлог на закон за изменување на Законот за внатрешни работи Повеќе
17/11/2017 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи Повеќе
16/06/2015 Правилник за здравствените и психофизичките способности што треба да ги исполнува лицето кое заснова работен однос во Министерството за внатрешни работи, начинот на нивно утврдување, начинот на контрола на здравствените и психофизичките способности на работниците со статус на овластени службени лица за вршење стручни работи и на работниците со статус на овластени службени лица за безбедност и контраразузнавање, како и начинот на работа на здравствената комисија Повеќе
22/05/2015 Решение за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи Повеќе
22/05/2015 Правилник за формата и содржината на пријавата за распоредување односно унапредување на работниците во Министерството за внатрешни работи во постапката по објавен интерен оглас Повеќе
10/03/2015 Правилник за формата и содржината на персоналните досиеја на работниците во Министерството за внатрешни работи и начинот на нивно менаџирање и чување Повеќе
20/01/2015 Правилник за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец Повеќе
19/12/2014 Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за внатрешни работи (,,Службен весник на РМ“ бр.42/14, 116/14) Повеќе
19/12/2014 Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за внатрешни работи (,,Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11, 158/11, 187/13, 116/14) Повеќе
16/12/2014 Правилник за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на писменото укажување во постапката за подобрување на ефектот, како и формата и содржината на извештајот за полугодишното интервју во континуирано следење на ефектот на работниците во Министерството за внатрешни работи Повеќе
19/11/2014 Предлог на Правилник за здравствените и психофизичките способности што треба да ги исполнува лицето кое заснова работен однос во министерството за внатрешни работи, начинот на нивно утврдување, начинот на контрола на здравствените и психофизичките способности на овластените службени лица за вршење стручни или граѓански работи и на овластените службени лица за безбедност и контраразузнавање, како и начинот на работа на здравствената комисија Повеќе
19/11/2014 Предлог на Правилник за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец Повеќе
14/11/2014 Правилник за обука во Министерството за внатрешни работи Повеќе
07/11/2014 Предлог на Правилник за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на писменото укажување во постапката за подобрување на ефектот, како и формата и содржината на извештајот за полугодишното интервју во континуирано следење на ефектот на работниците во Министерството за внатрешни работи Повеќе
14/10/2014 Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи Повеќе
13/10/2014 Предлог на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи Повеќе
05/08/2014 Закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи Повеќе
05/08/2014 Закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи Повеќе
05/08/2014 Закон за внатрешни работи Повеќе
03/02/2014 Колективен договор за дополнување на Колективниот договор на МВР Повеќе
<< < 1 2 3 4 > >>
Број на посети на сајтот: 2153293
Моментално присутни корисници: 42