Назив на папка
:
Закон за вршење на сметководствени работи
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Закон за вршење на сметководствени работи
Краток опис на проблемот
:
Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година, а отпочна да се применува во 2016 година. Во меѓувреме беа направени повеќе измени при што беа избришани одредбите со кои се предвидуваше задолжително полагање на испит за влез во професијата. Со тоа се отстапи суштината поради која беше донесен Законот-подигање на стручноста и професионалноста на сметководителите.
Постојниот Закон предвидува задолжителна посета на обуки организирани од страна на Институтот. Законот не дава можност за признавање и на други форми на усовршување како што се учество на конгреси и симпозиуми, држење на стручни предавања, објавување трудови и менторства. Ваквиот концепт отстапува од најдобрите меѓународни практики.
Со постојниот Закон е предвидено сите сметководители/овластени сметководители да се членови на Институтот. Во Собранието членството го претставуваат 50 лица. Оваа бројка не е доволна за да ги одрази интересите и потребите на над 8.700 сметководители и овластени сметководители.
Цел на предлог законот
:
Се уредува одржување на електронски седници на Собранието на Институтот што ќе овозможи транспарентност и инклузивност во донесувањето одлуки. Заради подигање на квалитетот на професијата, се воведува влезен испит со можност за ослободување од полагање на одредени испити во зависност од претходно стекнатото образование. Се овозможува влез во професијата веднаш по завршување на формалното образование и се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување (се признава учество на симпозиуми, конгреси,стручни предавања,менторство и сл.)
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
10.09.2018 - 10.10.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
finance@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Марина Станојкова Арсовски
Други информации
:
/