Назив на папка
:
Закон за електронските комуникации
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Закон за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18, 21/18 и 98/19)
Краток опис на проблемот
:
Со предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, ќе се предвиди формирање на Национална канцеларија за бродбенд компетенции (Броадбанд Цомпетенце Оффице – БЦО). Со формирањето на Националната канцеларија за бродбенд компетенции ќе се обезбеди имплементација на Националниот оперативен бродбенд план, подобрување на ефикасноста и ефективноста на бродбенд инвестициите, координација во развојот на бродбенд мрежите, ќе го следи исполнувањето на националните бродбенд таргети и ќе учествува во работата на БЦО мрежата на ЕУ.
Цел на предлог законот
:
Со предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации ќе се обезбеди можност за зголемување на бродбенд пенетрацијата во сите области во државата и подобра регулација во електронските комуникации, соодветна на воспоставените БЦО во рамки на Европската Унија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
05.06.2019 - 20.06.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana.malceva@mioa.gov.mk
dimitar.bukovalov@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Малцева
Советник на министерот за правни работи
Димитар Буковалов
Раководител на сектор за комуникации
Други информации
:
/