Назив на папка
:
Закон за авторското право и сродните права
Назив на министерство
:
Министерство за култура
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права
Краток опис на проблемот
:
Законот за авторско право и сродни права од 2010 година досега е менуван и дополнуван три пати - во 2013, во 2015 и во 2016 година. Досегашната имплементација на Законот покажа дека моделот утврден во постојниот Закон го отежнува функционирањето на системот на колективното управување со наметнување на несоодветни обврски, надлежности и процедури, од една страна, а од друга отсуство на регулирање на прашања битни за ефикасно и соодветно колективно управување. Проблем преставува и фактот што во постојните одредби кои се однесуваат на колективното управување, во голем дел, не се земени во предвид и соодветно транспонирани, одредбите од Директивата 2014/26/ЕУ за колективното управување на авторското право и сродните права. Исто така, е потребно Законот да се хармонизира со Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права и со Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци.
Цел на предлог законот
:
Со донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права ќе се создадат нормативни основи за остварување на ефикасен и рационален систем на колективно управување со авторското право, односно сродните права и ќе се поттикне колективното остварување на повеќе видови права.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
29.03.2018 - 30.04.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.kultura.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Други информации
:
/