Назив на папка
:
Закон за рибарство и аквакултура
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за рибарство и аквакултура
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, надоместок на штета и право на отштета, порибување и производство на порибителен материјал како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата.
Цел на предлог законот
:
Целите на предлог Законот се
-Управување со рибите и другите водни организми на начин со кој се постигнува економска и општествена придобивка, зголемен број на вработувања и придонес кон достапноста на снабдувањето со хранач
-Користење на рибите и другите водни организми по принципот на одржливо користење кој допринесува за зачувување на биодиверзитетот и еколошкиот пристап на риболовните води и
-Развој на одржливи активности во аквакултурата и промоција на здрава, висококвалитетна храна без негативно влијание на животната средина
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
10.05.2022 - 10.06.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
www.ener.gov.mk info@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Абдилгафар Синани раководител на Сектор за земјоделство,
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
тел. 070/409 843
Игор Бојаџиевски, раководител на одделение за рибарство и аквакултура
Сектор земјоделство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
тел. 070 409 845
Други информации
:
/