Назив на папка
:
Закон за матичната евиденција
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција
Краток опис на проблемот
:
1.Законот за матична евиденција не обезбедува јасна процедура за промена на ознаката за пол. Потребно е уредување на постапката за правно признавње на род со цел спроведување на Пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Х против Република Македонија (Application no. 29683/16) од 17.01.2019 година како и негово хармонизирање со меѓународните стандарди во оваа област. 2.На децата родени во болницата Систина во периодот од Април 2010 до Декември 2010 година во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Родителите на овие деца се обратија со барање до Министерството за правда, во изводот на матична книга на родени на децата да се внесе градот Скопје наместо Злокуќани.
Цел на предлог законот
:
1.Со Законот ќе се уредат постапката и условите за правно признавање на род. 2.Ќе се вградат одредби кои ќе овозможат промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во горе посочениот период во Болницата Систина- Злокуќани.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
11.02.2019 - 31.08.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk, cabinet@mjustice.gov.mk, mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
tanja.kikerekova@mjustice.gov.mk
Други информации
:
Пресуда на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Х против Република Македонија (Application no. 29683/16) од 17.01.2019 година