Назив на папка
:
Закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија
Назив на министерство
:
Министерство за транспорт и врски
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за дополнување на Законoт за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија
Краток опис на проблемот
:
За да можат да купат деловен простор од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката и Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, државните органи и субјектите од членот 2 од овој закон потребно е да учествуаат на електронско јавно наддавање согласно законот.
Цел на предлог законот
:
Да се овозможи по исклучок од членот 5 од овој закон, a под услови и начин утврдени со предложените членови, продажба на деловен простор да може да се врши со непосредна спогодба за потребите на субјектите од членот 2 на овој закон и за државните органи.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.12.2018 - 03.01.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
info@mtc.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ljupco.jovanovski@mtc.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
ljupco.jovanovski@mtc.gov.mk
Други информации
:
/