Назив на папка
:
Закон за финансиската полиција
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција
Краток опис на проблемот
:
Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција се врши усогласување со Законот за кривична постапка во делот на класификацијата на работни места на овластените службени лица во УФП како и усогласување на статусот на финансиските полицајци со овластените службени лица вработени во МВР. Дополнително, се врши усогласување со Законот за класифицирани информации во делот на обезбедување заштита од безбедносен ризик. Поради обезбедување независност и ефикасност на УФП потребно е да се зголемат и зајакнат надлежностите на директорот.
Цел на предлог законот
:
-воведување нова категорија В на работни места согласно член 161 став 4 од Законот за кривична постапка
-усогласување на статусот на финансиските полицајци со овластените службени лица вработени во МВР
-зголемување и зајакнување на надлежностите на директорот на УФП
-дополнување на условите за вработување во правец на обезбедување заштита од безбедносен ризик и
-обезбедување непристрасност и објективност во постапувањето во случаите кога постои сомнение дека се сторени кривични дела од страна на лицата со полициски овластувања.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
18.06.2018 - 18.07.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
joana.palceska@finpol.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Јоана Палческа, joana.palceska@finpol.gov.mk
Други информации
:
/