Назив на папка
:
Закон за пензиското и инвалидското осигурување
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Краток опис на проблемот
:
Се менува поимот„ семејно стопанство“ во „индивидуални земјоделци“, се предлага дете-инвалид корисник на семејна пензија кое ќе заснова работен однос или врши самостојна дејност според прописите за вработување на лица со инвалидност, а по која основ има задолжително социјално осигурување му се запира исплатата на семејната пензија. По престанокот на задолжителното социјално осигурување продолжува исплатата на семејната пензија.Се предлага да се пропише методологија според која ќе се утврди потребната документација која треба да се поднесе како и критериумите и мерилата за утврдување на работните места со стаж на осигурување со зголемено траење.
Цел на предлог законот
:
Со предлог измените се врши усогласување со законот за административни службеници, се менува дефиницијата на семејно земјоделско стопанство, се допрецизира комисијата за утврдување на работни места со стаж на осигурување со зголемено трање и семејна пензија за дете инвалид.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
04.10.2017 - 30.10.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
JRamadani@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
JRamadani@mtsp.gov.mk
Други информации
:
нема