Назив на папка
:
Закон за престанување на важење на Законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија
Краток опис на проблемот
:
Одредбите од Законот за судовите, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија беа предмет на разгледување од страна на Венецијанската комисија во рамките на Советот на Европа. Во тие рамки, Венецијанската комисија во декември 2015 година донесе мислење со кое истакнува одредени сугестии за подобрување на одредбите од пакетот закони од областа на правосудството. Постапувајќи по забелешките на Венецијанската комисија, пристапивме кон изготвување нови законски решенија во пакетот закони од областа на правосудството, во кои се имплементираат мислењата на Венецијанскатта комисија. Клучните забелешки на Венецијанската комисија се однесуваа на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, на основите за дисциплинска одговорност на судија и дисциплинските мерки, како и одредбите за оценување на судиите. Дел од овие прашања се адресирани во овој Предлог – закон. Имено, во мислењето на Венецијанската комисија се наведува дека: „Функциите на Советот за утврдување на фактите треба да бидат префрлени во Судскиот совет, под услов членовите или телата на Судскиот совет вклучени во почетната фаза на дисциплинската постапка како што се „обвинители“ или „истражувачи“ да не учествуваат во конечната одлука како „судии“.
Цел на предлог законот
:
Основна цел на Законот е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење на дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија , водејќи сметка за дадените забелешки и напатствија од меѓународните институции во делот на водењето на постапката и носењето на одлуката од страна на Судскиот совет на Република Македонија
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
03.10.2017 - 31.10.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни расправи
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
vsaurek@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за правда Димитрие Чуповски бр.9 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
valentina.saurek@mjustice.gov.mk
Други информации
:
!