Назив на папка
:
Закон за социјалната заштита
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за социјалната заштита
Краток опис на проблемот
:
Сите досегашни анализи недвосмислено покажуваат дека системот на социјалната заштита во Република Македонија се наоѓа во фаза во која е неопходно да се преземат суштествени реформи, пред сè со цел да се подобри ефективноста на паричните давања и ефикасноста на социјалните услуги што се испорачуваат до крајните корисници. Досегашниот дизајн на социјалните трансфери е доста нерамномерен и неадекватен и како таков, придонесува кон продлабочување на нееднаквоста во општеството. Во однос на услугите од социјална заштита утврдено е дека не ги следат индивидуалните потреби на крајните корисници, при што истите треба да се обезбедат во заедницата, преку натамошно спроведување на процесот на деинституционализација, децентрализација и плурализација.
Цел на предлог законот
:
Социјалната заштита се дефинира како организирана дејност од јавен интерес која се остварува преку систем на политики, програми и мерки за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните, со цел: - промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните, - спречување на социјалната исклученост, - подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и - зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен живот.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.10.2018 - 27.10.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ener@mioa.gov.mk; www.mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
AGjorgjieski@mtsp.gov.mk
Други информации
:
нема