Назив на папка
:
Закон за постапување по претставки и предлози.
Назив на министерство
:
Министерство за јавна администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за изменување на Законот за постапување по претставки и предлози
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 121/24) во член 28 точка 6. е предвидено дека Министерството за информатичко општество и администрација продолжува да работи како Министерство за дигитална трансформација и како Министерство за јавна администрација, со надлежности утврдени со овој закон, како правни наследници на ова министерство.
Имајќи го во предвид ова се наметна обврска за усогласување на надлежностите кои се предмет на Законот за постапување по претставки и предлози.
Дополнително со овој предлог закон освен измените кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, се прават измени заради усогласување со Законот за прекршоците.
Цел на предлог законот
:
Усогласување со позитивните законски прописи
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
23.08.2024 - 01.10.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
elena.mihajloska@mioa.gov.mk
katerina.trajkovska@mioa.gov.mk
Ул. „Св. Кирил и Методиј” бр.54, 1000 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Елена Паспаловска
Катерина Димовска-Трајковска
Други информации
:
/