Назив на папка
:
Закон за технолошки индустриски развојни зони
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошко индустриски развјни зони
Краток опис на проблемот
:
Просториите наменети за царинско складирање кои се изградени и се градат во рамки на зоните оснивани со договор за ЈПП, се современи и ги исполнуваат сите услови како за задоволување на потребите за складирање на различни типови на стока, така и за задоволување на потребите за работа на царинските испостави кои функционираат и спроведуваат царински постапки согласно своите законски надлежности. Оваа состојба наметнува потреба, за да имаат економска оправданост инвеститорите на царински складови, потребно е да се создаде законска можност да вршат услуги и на субјектите кои се во зоните, но и на субјектите лоцирани надвор од зоните.
Цел на предлог законот
:
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони се воведува нова одредба со која се уредуваат царинските поволности и можности за зоните кои се оснивани со договор за Јавно-Приватно Партнерство (ЈПП).
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
12.12.2018 - 10.01.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.economy.gov.mk
https://ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
e-mail: blerim.zllatku@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Блерим Златку, државен советник
т. 3093 430
e-mail: Blerim.zllatku@economy.gov.mk
Други информации
:
/