Назив на папка
:
Закон за вработените во јавниот сектор
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за вработените во јавниот сектор
Краток опис на проблемот
:
Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните односи во сите институции на јавниот сектор беше новина во правниот систем,а при неговото подготвување отсуствуваше практичното искуство во областите кои се предмет на регулирање.Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор.Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата,чие надминување е неопходно за доследна примена на законот и постигнување на целта поради која е донесен.Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот,но со оглед на фактот дека произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон,кој во основа е постоечкиот закон.
Цел на предлог законот
:
Донесување на нов закон
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
12.11.2020 - 01.02.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
- Јавни расправи преку користење на електронски интерактивни алатки
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ljupka.ivanovski@mioa.gov.mk, laura.idrizi@mioa.gov.mk, saso.mitev@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Љупка Ивановски, Лаура Идризи, Сашо Митев
Други информации
:
Целта на донесувањето на ново законско решение е подобрување на постојната регулатива