Назив на папка
:
Закон за ревизија
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Закон за ревизија
Краток опис на проблемот
:
Со донесувањето на Законот за ревизија во 2010 година во голема мера се изврши усогласување со Директивата 2006/43/ЕЗ за законска ревизија на годишни и консолидирани сметки.
Во меѓувреме во 2014 година се донесоа Директивата 2014/56/ЕУ за изменување на Директивата 2006/43/ЕЗ и Регулативата Бр.537/2014/ЕУ за специфични барања за законска ревизија на субјектите од јавен интерес.
Заради дополнително усогласување на националното законодавство со Европското законодавство за ревизија и согласно препораките на Светска банка за транспонирање на новите измени на Директивата за законска ревизија дадени во Ажурираниот РОСК Извештај за сметководство и ревизија се наметна потреба од изготвување на нов Закон за ревизија.
Цел на предлог законот
:
Предлогот на закон за ревизија има за цел усогласување на националното законодавство со барањата на ЕУ прописите во оваа област, како доуредување и допрецизирање на постојниот законски текст.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.09.2021 - 30.10.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
marina.stanojkova@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Марина Станојкова Арсовски
Други информации
:
/