Назив на папка
:
Закон за ветеринарно - медицински препарати
Назив на министерство
:
Агенција за храна и ветеринарство
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнувања на Законот за ветеринарно-медицински препарати
Краток опис на проблемот
:
Во постојниот Закон за ветеринарно – медицински препарати, кој во основа ги содржи барањата на европското законодавство од предметната област, потребно е да се воведат промени во делот на олеснување на постапката за одобрување за ставање во промет на ветеринарно - медицински препарати во Република Македонија кои се веќе одобрени од Европската Агенција за Лекови (ЕМА), како и прифаќање на одобрувањето на ветеринарно - медицински препарати кои се веќе одобрени во земјите –членки на Европската унија. Исто така, потребно е дополнително уредување на начинот на огласување, информирање, рекламирање и промовирање на ветеринарно-медицинските препарати со цел да се избегне доведувањето во заблуда на стручната и општата јавност и промоција на рационалната фармакотерапија.
Цел на предлог законот
:
Цели на предлог регулативата е да се олесни постапката на одобрување за ставање во промет на ветеринарно – медицински препарати како би се овозможило континуирано снабдување на пазарот со ветеринарно – медицински препарати, унапредување на системот за нивна рационална употреба, како и соодветно огласување, информирање, рекламирање и промовирање на ветеринарно – медицинските препарати.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.10.2017 - 30.03.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. Трета Македонска ударна бригада бр 20, 1000 Скопје
info@fva.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Зоран Атанасов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
Други информации
:
Со изменувањето и дополнувањето на Законот за ветеринарно – медицински препарати ќе се поедностави постапката за одобрување за ставање во промет на ветеринарно – медицински препарати, ќе се регулираат ветеринарно – медицинските препарати кои се предмет на донација и ќе се регулира начинот на огласување, информирање, рекламирање и промовирање на ветеринарно-медицинските препарати со цел да се избегне доведувањето во заблуда на стручната и општата јавност и промоција на рационалната фармакотерапија.