Краток опис на проблемот
:
Со Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21), се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката кое ужива посебна заштита.
Цел на предлог законот
:
Предлог законот се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште: рационално користење на земјоделското земјиште; заштита на земјоделското земјиште; и обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп. Со предложените измени и дополнувања во законот ќе се овозможи да се создадат законски претпоставки за спроведување на Законот за земјоделското земјиште, да се подобри ефикасноста на постапката користење и располагање со земјоделското земјиште во државна сопственост.
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР