Назив на папка
:
Закон за енергетика
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика
Краток опис на проблемот
:
Со предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19) се врши усогласување на прекршочните одредби од овој Закон со новиот Закон за прекршоци (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19) и се транспонира Регулативата 1227/2011 за интегритет и транспарентност на пазарите на големо на енергија и Регулативата 1988/2018 за управување со енергија
Цел на предлог законот
:
Усогласување со Закон за прекршоци и транспонирање на регулативи на
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
31.03.2020 - 01.04.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ismail.luma@economy.gov.mk;
valentina.stardelova@economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ismail.luma@economy.gov.mk;
valentina.stardelova@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Исмаил Лума
Валентина Старделова
Други информации
:
во предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика се транспонира адаптираната Регулатива 1227/2011 за интегритет и транспарентност на пазарите на големо на енергија, во согласност со Одлуката на Министерскиот совет на Енергетската заедница бр. Д/2018/10/МЦ-ЕнЦ, донесена на 29.11.2018 година. Со оваа Одлука се утврдува обврска за членките на Договорот за Енергетската заедница во рок од 12 месеци од денот на донесувањето на Одлуката во своето национално законодавство да ја транспонираат Регулативата, а во рок од 18 месеци од денот на донесувањето на Одлуката да отпочнат со имплементација на Регулативата. Воедно, се транспонира Регулативата за управување со енергија, со што ќе се создаде правен основ за донесување на Национален план за енергија и клима.