Назив на папка
:
Закон за основање Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија
Назив на министерство
:
Министерство за образование и наука
Назив на предлог прописот
:
ЗАКОН ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА НУКЛЕАРНИ ТЕХНОЛОГИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Краток опис на проблемот
:
Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија е основана со Законот за основање на Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/10). Но, од почетокот на основањето на оваа агенција истата функционално не проработи, односно само одреден краток период со неа раководеше вршител на должноста директор, без да има вработен кадар и без да ги остварува надлежностите за кои е основана.
Заради наведеното од страна на Министерството за образованите и наука изготвен е овој Предлог на Законот за престанување на важење на Законот за основање на Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија.
Цел на предлог законот
:
Намалување на бројот на тела основани од државата кои не се функционални, односно престанала потребата од нивно постоење.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
30.07.2024 - 12.08.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
contact@mon.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Милка Масникоса
Други информации
:
/