Назив на папка
:
Закон за шумарска и ловна инспекција
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дполнување на Закон за шумарска и ловна инспекција
Краток опис на проблемот
:
Со донесување на овој закон ќе се овозможи и АПТИС како меѓународен сертификат за познавање на странски јазик да биде доказ за познавање на странски јазик за именување на директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, затоа што овој сертификат е признаен секаде, но е и најефтин и најдостапен сертификат за познавање на англиски јазик во Република Македонија. Во однос на психолошкиот тест, истиот е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за развивање на соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица. Предлог законот за изменување и дополнување на Закон за шумарска и ловна инспекција се заснова на истите начела на кои е заснован и Закон за шумарска и ловна инспекција.
Цел на предлог законот
:
Воведување на АПТИС и укинување на психолошкиот тест
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.09.2017 - 30.09.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Александар Диље
Други информации
:
/