Назив на папка
:
Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници
Назив на министерство
:
Министерство за јавна администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредува основањето и работењето на Центарот за обука на административните службеници, неговиот статус, дејност, органите и стручни тела, финансирањето, стручното усовршување и обуките на административните службеници како и други прашања од значење за стручното усовршување на административните службеници. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа се формира ново Министерство за јавна администрација кое е надлежно за законско уредување на прашањата од надлежност на администрацијата. Предлог законот е повлечен од собраниска процедура со цел доработка во насока на усогласување со позитивните законски прописи.
Цел на предлог законот
:
Целта на предлог законот е обезбедување на квалитетно, професионално, непристрасно, ефективно и ефикасно работење на административните службеници согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон преку нивно постојано стручно усовршување и обучување.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
24.07.2024 - 31.12.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
agron.medziti@mioa.gov.mk,
dushica.boshkovska@mioa.gov.mk
Ул. „Св. Кирил и Методиј” бр.54, 1000 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Агрон Меџити
Душица Бошковска
Други информации
:
/