Назив на папка
:
Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост
Краток опис на проблемот
:
Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се дополнуваат и допрецизираат одредени одредби од постојниот закон кои во практичната примена на законот создаваа дилеми и нејаснотии. Имено се дообјаснуваат на термините употребени во законот потоа дообјаснување на одредбата од постојниот закон во однос на утврдување на фактичката состојба во однос на околноста дали намената добро во општа употреба е реализирана. Исто така, се врши допрецизирање и доуредување на одредбите од постојниот закон кои се однесуваат на начинот на приватизација на градежното земјиште.
Цел на предлог законот
:
Да се доуредат и прецизираат условите начинот и постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
30.06.2015 - 06.07.2015
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
zoran.krstanoski@finance.gov.mk
valentina.dimitrovska@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно правни работи
Други информации
:
Предложените законски решенија се во функција на доуредување и допрецизирање на одредбите од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост со цел отстранување на одредени нејаснотии и дилеми во практичната примена на законот. Воедно со измените и дополнувањата на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост односно со доуредувањето и допрецизирањето на одредени одредби од законот ќе се овозможи и воедначено постапување во практичната примена на законот од страна на органот на државата управа надлежен за имотно правните работи.