Назив на папка
:
Закон за вршење на работи за застапување во царинските постапки
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки
Краток опис на проблемот
:
Основна
причина заради која е поведена инициjатива
за изменување и дополнување на Законот
за вршење на работи за застапување во
царинските постапки („Службен весник
на Република Македонија“ број 180/14) е
понатамошно прецизирање на определени
одредби од законот во насока на олеснување
на неговата практична примена, посебно
во поглед на прецизно определување на
условите за добивање на одобрение и
лиценца за застапување во царинските
постапки, понатамошно усогласување со
измените во Законот за административни
службеници во поглед на докажувањето
за познавање на странски јазик, како и
определување на подолги термини за
одржување на дополнителна обука за
лиценцираните застапници. Исто така се
додава одложувачка одредба на членовите
кои го регулираат полагањето на стручниот
испит за лиценциран застапник заради
исполнување на техничките услови за
негово спроведување.
Цел на предлог законот
:
Со
донесувањето на предложените измени
на овој закон ќе се обезбеди целосно
определување на критериумите за издавање
на одобрение за вршење на застапување
во царинските постапки и лиценца за
вршење на застапување и правилна
практична примена, ќе се
прецизира на начинот и условите за
добивање на
лиценца за вршење на
застапување во царинските
постапки и одржување на
квалитетна дополнителна
обука за лиценцираните застапници.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
17.06.2015 - 02.07.2015
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.finance.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. Даме Груев бр.12, 1000 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
aneta.dimitrovska@finance.gov.mk
Други информации
:
нема