Назив на папка
:
Закон за животната средина
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за животна средина
Краток опис на проблемот
:
Со измените и дополнувањата на Законот за животна средина се воведуваат нови одредби со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја. Покрај тоа се вршат измени за унапредување на процесот на полагање на стручните испити и стекнување со лиценци за стратешка оцена, оцена за влијание врз животната средина и постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење. Истовремено се преуредува делот за наплата на надоместоци.
Цел на предлог законот
:
Целта на измените и дополнувањата на Законот за животна средина е идентификување и уредување на постапувањето со контаминирани подрачја заради надминување на нивното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Во делот на стручните испити, измените се со цел олеснување на спроведувањето на процесот на полагање, како и регулирање на статусот на лицата со веќе положен испит.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.09.2018 - 31.12.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Тешева Ѓоргиевска, Назим Алити и
Весна Петрушевска.
Други информации
:
Планирано е организирање на посебни состаноци со засегнатите страни и доставување на текстот на законот до засегнатите страни.