Назив на папка
:
Закон за квалитетот на амбиентниот воздух
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух
Краток опис на проблемот
:
При анализа на состојбата со управување со квалитетот на воздухот во Република Македонија се увиде дека постоечкиот начин на подготовка на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација создава тешкотии од причина што на ниво на зона се вклучени поголем број на општини со различни проблеми и извори на загадување на воздухот. Начинот на усвојување на планските документи на ниво на ЕЛС и проверка и одобрување на истите од страна на централната власт не се јасно прецизирани. Пропишаните краткорочни мерки во локалните краткорочни акциони планови, како и краткорочни мерки предложени од Интерсекторската работна група и усвоени од страна на Владата се спроведуваат со потешкотии. Делумно се спроведува контрола на имлементацијата на краткорочните мерки од страна на инспекциските служби како и недоволниот број на државни инспектори и овластени инспектори за животна средина кои вршат контрола на спроведувањето на краткорочните мерки.
Цел на предлог законот
:
Главна цел на Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух е воспоставување на едноставна процедура на подготовка на плановите за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови, како и ефикасно спроведување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
27.02.2018 - 30.04.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Светлана Ѓоргева, раководител на Македонски информативен центар за животна средина
Други информации
:
/