Назив на папка
:
Закон за странците
Назив на министерство
:
Министерство за внатрешни работи
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за странците
Краток опис на проблемот
:
По констатираните неусогласености на постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, содржана во Законот за странците и обврските преземени согласно одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 д во РСМ во делот на ангажирање/вработување на лица-странци како работна сила, но воедно и поради сложеноста и обемноста на документацијата која е потребна во постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, согласно одредбите од Законот за странците, изготвен е предлог текст за измени и дополнувања на Законот за странците.
Цел на предлог законот
:
Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи во голема мерка усогласување со барањата на стратешките партнери кои се предвидени во одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 д во РСМ, а воедно би се олеснила и би се поедноставила постапката за сите правни лица кои имаат за цел да ангажираат лица-странци како работна сила во РСМ.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
30.12.2024 - 31.01.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana_poptaseva@moi.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Јован Пешевски - Началник на Единица за странци и реадмисија во Сектор за гранична контрола и поддршка во Оддел за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност
Други информации
:
/