Назив на папка
:
Закон за лобирање
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лобирање
Краток опис на проблемот
:
Незаживеана примена на Законот за лобирање и лобирање надвор од законската рамка
Цел на предлог законот
:
Надминување на утврдените слабости во текстот на постојниот Закон за лобирање, особено во деловите на дефинирањето на поимот лобист и активностите што се сметаат и оние што не се сметаат за лобирање; и разработување на постапките за регистрирање и бришење од Регистарот на лобисти и вршење ефективен надзор над работата на лобистите.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.01.2019 - 31.03.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk, cabinet@mjustice.gov.mk, mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
mimoza.kikovska@mjustice.gov.mk
Други информации
:
Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и за превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019 година (1.7. Област: Лобирање, страници 22 и 48-49)