Назив на папка
:
Закон за земјоделство и рурален развој
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за советодавен систем во земјоделството
Краток опис на проблемот
:
Во насока на зголемување на конкуретноста, поголемиот број на земјоделски стопанства треба да поминат преку процес на реструктуирање и модернизација, зголемување на производниот капацитет и примена на подобрени агро-технички постапки со кои ќе ги зголемат приходите, но истовремено нема да се наруши животната средина. Од квалитетот на обезбедената советодавна поддршка на земјоделците во тој процес во голема мерка зависи успешноста на предвидените реформи за реструктуирање и зголемување на конкурентноста на секторот.
Сегашното функционирање на државно-финансираните советодавни услуги во Република Македонија е незадоволително по обем и квалитет во однос на реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат учесниците во земјоделскиот сектор. Моментално, државно-финансираните советодавни услуги воглавно се обезбедуваат преку Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) како јавен давател на советодавни услуги со директно посетени не повеќе од 700 земјоделски стопанства
Цел на предлог законот
:
/
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.01.2018 - 27.01.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
draganco.stojcev@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Драганчо Стојчев - Државен советник за правни работи
Други информации
:
/