Назив на папка
:
Закон за внатрешни работи
Назив на министерство
:
Министерство за внатрешни работи
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за внатрешни работи
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за внатрешни работи нормативно-правно се уредуваат организацијата и надлежноста на Министерството за внатрешни работи, внатрешните работи, категориите, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, права и обврски од работен однос и друго. МВР предлага донесување нов Закон за внатрешни работи поради потребата од ревидирање на поголем број на одредбите од постојниот Закон за внатрешни работи, во насока на подобрување на функционирањето на определени процеси во Министерството кои се регулираат со Законот за внатрешни работи, односно ревидирање на одредбите кои се однесуваат на класификацијата на работни места во Министерството (категории, нивоа, видови на работни места), уредување на системот на кариера на работниците во Министерството (распоредување и унапредување), ревидирање на одредбите кои се однесуваат на платата на работниците, дисциплинска и материјална одговорност на работниците, оценување на работниците и др.
Цел на предлог законот
:
Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи спроведување на планираната реформа во Министерството во насока на подобрување на функционирањето на определени процеси кои се регулираат со Законот за внатрешни работи.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
23.12.2024 - 31.01.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Marija_Topalovska@moi.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
м-р Анета Златаревска, помошник на министерот во Одделот за правни работи и управување со човечки ресурси
Други информации
:
/